
Паметно избраните зборови се темел на успешната врска!
Понекогаш јазикот е побрз од мозокот, а тоа може да направи проблем во односите со партнерот. Иако тој во моментот нема да покаже нормална човечка реакција (од типот да земе да се кара со вас), но затоа подоцна, кога ќе барате нешто за возврат и тоа како ќе ве казни. Така барем се жалат моите пријателки...велат дека нивните партнери не се бунат што излегле сами или со бившиот, но затоа кога ќе дојде некој празник што обично треба да се помине заедно како пар, тој ќе му ја шмугне со изговорот: „Па каде ти се сега пријателките? Не мора да седиш сама, ете јави му се на бившиот и излезете си на кафе!" Ви звучи познато?
Ако четвртиот број на женскиот магазин UNIQUE што веќе е на сите трафики ширум земјава, ви ги открива „10 фрази што сака да ги слушне со секое време“, ние ќе го сториме обратното. Ќе зборуваме за зборовите што се премногу силни за нивните уши.
БЕВ ИЗЛЕЗЕНА, НЕМАВ ВРЕМЕ ДА ТИ СЕ ЈАВАМ
НЕГОВИОТ УМ: сигурно ти беше многу забавно, штом не можеше да скратиш 3 минути за разговор со твоето патетично момче што цел ден мисли на тебе и живее за твојот повик. Уште поинтересно е, ШТО БЕШЕ ТОА што толку многу успеа да го зароби твоето внимание, зарем постои такво нешто кога јас сум тука?
СЕЕДНО МИ Е ДАЛИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ
НЕГОВИОТ УМ: како може да ти биде сеедно? Ти треба да бликаш од радост штом те викам да излеземе. Тука нешто не е во ред... Јас цело време кројам планови како да изведам интересен состанок, за на крај од другата страна на слушалката да чујам едно „сеедно ми е", тоа е исто како да си ми кажала: „Излегувам со тебе ради реда."
ПОЧНА ДА СТАНУВАШ ДОСАДЕН
НЕГОВИОТ УМ: сигурно веќе постои некој поинтересен од мене, или очајно сакаш да излезеш од врска, но немаш доволно храброст да си признаеш на самата себе, а камоли на мене. Како мене не ми е досадно со тебе? По цел ден да седиме и да молчиме пак ќе уживам.
ТИ НЕ МЕ САКАШ
НЕГОВИОТ УМ: до кога ќе го слушам ова? Ако нешто почнало да ми смета не значи дека сакам да раскрстиме за навек. Добро, ако не да се треснам од земја за да докажам дека имам чувства и дека знам да сакам. Или не знам да изразувам емоции или ти патиш за внимание.
СЕКСОТ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ
НЕГОВИОТ УМ: сега ме закопа 200 метри под земја. Од каде, како да почнам, што да сторам? Предиграта не чини или се е за никаде, од почеток до крај? Чекај, а ова колку време го мислиш? Лееее, па ти можеби ме лажеш цело време. Навистина не знам како да се изразам, но многу ќе ми помогне ако ми ги кажеш твоите конкретни замерки и желби.
.gif)






















.gif)























