
Во повеќето случаи оргазмот и ејакулацијата доаѓаат заедно, но секогаш постојат и исклучоци.
Постојат повеќе митови поврзани со сексуалноста на мажите. Жените се придржуваат на овие митови и така добиваат погрешно мислење за партнерот. Еве еден обид за разоткривање на тие митови, што ќе ви помогне да го разберете вашиот партнер. Со запознавање на машката сексуалност ќе можете да ја подобрите вашата врска и да уживате повеќе во вашата љубов.
МАЖИТЕ СЕ СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКС
Овој е еден од најпознатите митови за машката сексуалност. Овој мит сугерира дека мажите никогаш не се уморни за секс. Односно,тие постојано размислуваат за секс. Секс експертите кажуваат дека не треба да се верува во овој мит. Мажите не се роботи. И тие исто така се под стрес, изморени, а понекогаш може и тие да не се чувствуваат расположени за секс. Значи, ако тој едноставно ве одбие и легне да спие, не претпоставувајте дека не го интересирате повеќе.
МАЖИТЕ НИКОГАШ НЕ ГО ЛАЖИРААТ ОРГАЗМОТ
Според истражувањата жените многу повеќе го лажираат оргазмот, но истото го прават и мажите во некои ситуации. 47% од мажите одговориле дека постигнале оргазам за време на вагинална пенетрација, а 3% од нив дека никогаш не постигнале оргазам за време на сексуалниот однос.
ЕЈАКУЛИРАЊЕТО СЕКОГАШ ЗНАЧИ ОРГАЗАМ
Во повеќето случаи оргазмот и ејакулацијата доаѓаат заедно, но секогаш постојат и исклучоци. Во некои случаи, ејакулацијата и оргазмот може да не се случат заедно......туку сосема обратно. Кога мажите доживуваат оргазам без ејакулација тогаш тие имаат сув оргазам, што значи во некои случаи тие не произвеле доволно семе за ејакулирање. Тоа не подразбира дека мажот е импотентен или неспособен да доживее оргазам.
МАЖИТЕ ГЕНЕРАЛНО НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРЕДИГРА
Повеќето жени веруваат дека мажите имаат една цел кога станува збор за секс, а тоа е да доживеат оргазам. Но, ова не е баш вистина за современите мажи, кои ја сметаат предиграта за исто толку важна како и оргазмот. И мажите и жените сакаат побрзо да дојдат до акцијата и да ја прескокнат предиграта, што се случува понекогаш. Значи мажите уживаат во предиграта која им помага да не размислуваат како тие ќе се покажат при самиот сексуален однос и им помага да не мислат само на својата ерекција.
НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛБАТА ЗА СЕКС ЗНАЧИ ГУБЕЊЕ ИНТЕРЕС
Жените се брзи кога станува збор за констатирање на сексуалните проблеми на својот партнер. Повеќето жени веднаш заклучуваат дека ако се случи нешто вакво дека нивните партнери не се повеќе заинтересирани за нив или пак имаат афера. Како и да е, според секс експертите можат да постојат повеќе причини за недостаток на сексуален нагон или ерекција. На пример, грижи, замор, срамежливост, како и стресот дали тие ќе се покажат како добри љубовници во кревет.
МАЖИТЕ САКААТ ЖЕНИ СО СОВРШЕНИ ТЕЛА
Многу жени веруваат во овој мит па затоа тие се незадоволни со својот изглед. Да, мажите постојани гледаат убави и згодни девојки во магазини, но тоа не значи дека сакаат токму таква жена во својот живот. Точно е дека изгледот игра важна улога, но другите карактеристики се пресудни дали мажот ќе се заљуби. Според експертите, мажите се свесни дека супер моделите во списанијата не се како жените во реалноста. Во животот, тие сакаат жена која ќе има добри внатрешни квалитети.
МАЖИТЕ НЕ СЕ РОМАНТИЧНИ
Исто така како што некои жени се, а некои не се способни да ги изразат своите чувства, така и некои мажи можат да бидат поромантични од другите. Факт е дека современите мажи не се плашат да ја покажат својата понежна страна и да изгледаат многу повеќе романтични.
.gif)






















.gif)























