
Не значи ако партнерот гледа порно филмови, дека истото го посакува и во реалноста!
Девојки, да бидеме реални. Ако некое момче ви каже дека не гледа порно филмови, тогаш знајте дека со сигурност ве лаже. Кога и да имаат можност, тие гледаат вакви филмови, па макар и да треба да ѕирнат само една сцена од нив.
ШТО ВЕЛАТ МАЖИТЕ??
Колку и да гледам порно филмови и колку и да изгледа тоа добро на екраните, има некои работи кои сметам дека треба да останат само по филмовите или пак во мојата фантазија. Од искуство знам дека ниту едно момче не сака сексот да му биде како во порно филм.
Еве неколку работи што ги возбудуваат момците гледајќи ги порно филмовите. Но, тоа не значи дека истите би ги примениле со своите партнерки.
СИЛНО СТИСКАЊЕ НА ТЕСТИСИТЕ
„Да, секако! Тоа изгледа одлично. Момчето ужива премногу. Се гледа по изразите на неговото лице. Ама да бидеме реални, да не му се челични тестисите? Тоа е сепак голема болка. Мислам дека моите тестиси го сакаат тоа нежно. Не ми е убаво кога сум запален, девојка ми да ме стисне силно. Мислам дека ќе изгубам секаква желба за секс со неа, а можеби дури и секаква желба со било која."
Влатко, 26.
ПРЕГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА
„Никогаш не очекувам мојата девојка да изгледа како порно ѕвезда. Затоа се надевам дека и таа нема да го очекува тоа од мене. Еднаш се случи девојка ми да изрази желба да гледаме порно филм. Мене тоа ми звучеше како супер идеја. Си помислив можеби нешто ќе научи и ќе го примени. Заврши филмот и толку многу се запаливме што не ни отидовме во мојата соба, туку останавме во дневната. Се течеше одлично, додека не ме прекина во еден момент и не почна да го споредува мојот пенис со пенисот на актерот од порно филмот. Како да не беше задоволна од мојата големина. Никогаш во животот не сум се осетил полошо."
Ангел, 29.
ИСПОЛНУВАЊЕ НА ФАНТАЗИИТЕ
„Факт е дека секое момче има некаков фетиш. И секако многу од нив само сакаат тоа да остане во нивната фантазија, а не да стане реалност. Имав еден другар што имаше секс со мајката на неговиот најверен другар. Секогаш сум мислел дека такви работи се случуваат само на филмовите. Ама очигледно сум живеел во заблуда. Да, убаво ми е да се замислам со нечија секси мајка или девојка, ама да го правам тоа во реалноста ми е одвратно. Сепак, не сум човек што сака да растура нечија фамилија."
Игор, 24.
ДОЛГИ НОКТИ
„Девојките во порно филмовите имаат големи нокти. Јас се ежам кога гледам како го гребе актерот. Во тој момент, ја замислувам со мене в кревет, како ме гребе со ноктите од рамената кон задникот. Ама некогаш тоа знае да биде болно. Искрено повеќе сакам девојка со кратки нокти отколку со долги. Не ни сакам да замислам девојката што спие до мене да има огромни нокти и утре да се разбудам со некој нокот забоден во мојата рака."
Виктор, 31.
ВАЛКАНО ЗБОРУВАЊЕ
„Сакаме кога ни зборуваат валкано. Ама кога ќе подразмислам и не сакаме толку многу. Многу ми е лошо и чудно кога девојката ќе ми рече „влези ми подлабоко" или „побрзо". Изгледа како да не се трудам околу сексот со неа. Како да сум на гости и ја оставам сета работа во нејзини раце, а всушност е обратно. Јас треба да правам се за да ја задоволам."
Филип, 26.
Девојки, не е лошо од време на време и вие да погледнете некој порно филм и да искористите некои трикови. Но тоа не значи да ги имитирате актерите. Баш напротив, применувајте ги тие работи, но на ваш начин.
.gif)






















.gif)























