
Иако е мистериозен, сепак можете да протолкувате што чувствува!
Отсекогаш сте сакале да знаете што тој мисли? Што сака? А никогаш не ви открива? Загледајте се поубаво во неговото лице. Таму лежи одговорот на вашите прашања!
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА...
1. МУ ТРЕБА ПРОСТОР
Можеби сте започнале чувствителна тема или сте споменале нешто што не му е по волја. Или можеби само имал лош ден. Но, една работа е сигурна - кога тој ќе ја сврти главата, на десна или лева страна во средина на разговорот, тогаш не е расположен за муабет. Тој се користи со овој трик за да створи физичка дистанца помеѓу вас двајцата.
КАКО ДА РЕАГИРАТЕ?
Ако му кажете се во лице верувајте дека тој уште повеќе ќе се оддалечи од вас. Едноставно повлечете се, се додека тој не се расположи...без разлика дали поминале неколку минути или часови. Просечно на мажите им требаат околу 20 минути до 1 час за да се релаксираат и ја согледаат ситуацијата. Многу е важно да му дадете време да размисли пред да почнете да го бомбардирате со непотребни прашања. Кога ќе почне да личи на себе, пријдете му и прашајте го: Што ти беше пред малку? Изгледаше некако тажно? Може ќе ви се отвори, но ако не, тогаш пуштете го. Додека не ви пушти сигнали дека е бесен на вас немате потреба да се загрижувате.
2. СПРЕМЕН Е ЗА РОМАНСА
Да речеме дека сте на забава или на кафе со партнерот и забележите дека капаците му се спуштени како да е изморен и сака да спие. Но не, тој не е спремен за спиење, но за кревет сигурно да. Кога луѓето ќе почувствуваат силен сексуален нагон, одеднаш стануваат помирни и во сонливо расположение.
КАКО ДА РЕАГИРАТЕ?
Веќе знаете дека му се допаѓате, па додека сте на јавно место играјте си малку со него без физички допир. Шепнете му некој секси комплимент или полека наведнете се накај него. Потоа вратете се кај пријателките. Ако сте излезени само вие двајца тогаш почнете благо да го игнорирате. Ова секси задевање ќе ја зголеми неговата нестрпливост.
3. САКА НЕШТО ДА ВИ КАЖЕ
Ако забележите дека додека разговарате тој ги грицка и лиже усните константно,тогаш пазете се. Кога некој сака да ви каже нешто, мозокот праќа сигнали до усните и јазикот. Вие ја гледате неговата мисла пред тој да успее да ја изговори.
КАКО ДА РЕАГИРАТЕ?
Жените веднаш го кажуваат тоа што им е на ум. Мажите и не се баш толку отворени. Иако сте во искушение да му ги извлечете зборовите од уста, не го правете тоа. Само ќе го налутите. Наместо тоа дајте му време сам да открие што му е на ум, да ги сложи своите мисли во реченици, па потоа да ви каже. Очигледно тој се бори за правилно да се изрази, затоа ублажете му ја нервозата така што ќе му ги свртите мислите од тоа.
4. НЕШТО КРИЕ ОД ВАС
Ако прави пауза помеѓу реченици, големи се шансите тој да крие нешто од вас. Овој рефлекс покажува дека е нервозен, а луѓето се склони на нервоза кога се плашат да кажат нешто што не треба.
КАКО ДА РЕАГИРАТЕ?
Пред да пробате на секој можен начин да откриете што крие, размислете, можеби неговата тајна е позитивна или нема никаква врска со вас. Се е во ред ако некои работи се задржуваат само за себе. Ако вашата комуникација е иста како и порано, немате за што да се грижите. Но, ако ве убива љубопитноста, пробајте да читате меѓу редови. Потсетете се за што сте разговарале кога тој почнал да прави паузи. Вратете се на таа тема и поставувајте прашања. Можеби ако безопасно муабетите ќе му излета некоја информација.
5. СЕ ПРЕДОМИСЛУВА
Ако ги вовлекува усните додека разговарате за вашата врска големи се можностите дека тој ја преиспитува иднината со вас. Овој рефлекс обично е негативен знак и означува дека тој доживува внатрешен немир. Но, и најмалата напнатост може да го предизвика овој рефлекс, затоа не мора да значи дека дошол крајот на вашата врска.
КАКО ДА РЕАГИРАТЕ?
Не паничете. Вашиот партнер можеби имал напад на паника. Но сепак, можеби е нешто сериозно, како на пример неговата неодлучност за да се врзе. За жал, не можете да го решите проблемот ако не знаете што е. Ова е момент кога треба малку да го побутнете за да ви се отвори. Почнете со тоа што ќе го уверите дека нема да бидете строги кон него. Кажете му "Можам да го поднесам тоа што сакаш да ми го кажеш" или "Без разлика што и да имаш да ми кажеш, подобро да го слушнам од тебе, отколку да не знам за што станува збор". Другиот начин е да му дадете пример. Почнете да разговарате за нешто што вас ве мачи. Можеби тоа ќе го поттикне и тој да ви се отвори. Ако ниедна од овие тактики не успее, едноставно прашајте го отворено. Бидете подготвени за неговиот одговор без разлика каков е.






































