
Избегнувајте ги момчињата кои веднаш истакнуваат дека се интересираат за вас само затоа што вечерта сака да „легне“ нешто.
Со некои ќе се насмеете, но некои ќе знаат да ве преплашат уште од првото запознавање. Направивме листа, кој пристап на мажите треба уште на почеток да го препознаете и веднаш да го одбегнете, а кој е сосема безопасен и може да доведе до нешто убаво.
ЕДНОСТАВЕН РАЗГОВОР - ДА
Наједноставниот и најсигурниот начин за запознавање е вообичаениот - со претставување. Си ги разменувате имињата и секако момчето прашува дали може да ве чести пијалак. Не се плашете од овој пристап. Нема потреба од прерано бегање. Запознајте го човекот. Може ќе испадне нешто убаво од тоа.
СЕКС ЗА ЕДНА ВЕЧЕР - НЕ
Избегнувајте ги момчињата кои веднаш истакнуваат дека се интересираат за вас само затоа што вечерта сака да „легне" нешто. Најчесто таквите момчиња користат фрази од типот на „Страв ми е од темнината, може вечер да спијам со тебе?"
РОМАНТИКА НА ДЕЛО - ДА
Колку и да мразат романтични филмови и вечера со свеќи, доколку ве покани на ноќна прошетка низ плажата, не значи дека му е досадно и дека немал што да прави. Дури не ни треба да го терате постојано да биде романтичен. Тоа ќе си дојде само по себе. Едноставно секое момче има моменти кога сака да и угодува на својата девојка.
ИЗЛИШНИ ФРАЗИ - НЕ
Не бидете од оние лесни девојки кои паѓаат на неоригинални, досадни и неискрени фрази како што се „Би те почестил пијалак, но ќе и бидам љубоморен на чашата во твоите раце." Сигурно не сакате да бидете ставени во истата кошница како и другите девојки кои поверувале на ваква глупост.
СМИСЛА ЗА ХУМОР - ДА
Самоуверените машки кои имаат добра смисла за хумор знаат како да ја направат атмосферата поинтересна и знаат како да го направат првиот впечаток позитивен. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно.
НЕМАЊЕ КОНТРОЛА ВРЗ СЕБЕ - НЕ
Момчиња кои не знаат како да се контролираат и со своите изјави ги навредуваат останатите, треба да ги избегнувате. Обидот да се биде интересен во друштво и правењето шеги на туѓа сметка при што се навредува нечија интелигенција, достоинство или гордост не е вкусен.


















































