
Кај мажите скоро никогаш не постои опција да оформат нешто сериозно со лоша девојка.
Што би одбрале мажите? Прашање на кое секоја девојка сака да добие одговор. Но, реалноста е дека тоа е индивидуално и мажите одлучуваат според тоа што во моментот им треба и им годи. Еве што велат мажите за позитивните и негативните работи кај лошите и добрите девојки.
ПОЗИТИВНИТЕ РАБОТИ КАЈ ЛОШИТЕ ДЕВОЈКИ
ТАА Е ЗАБАВНА
Може да се забавува, да пие цела вечер и наредниот ден повторно да има сила за истото. Таа постојано флертува и прави мажот да се чувствува како вистински маж.
ТАА Е ВОЗБУДЛИВА
Лошите девојки го креваат адреналинот. Тие никогаш немаат време за да бидат депресивни - едноставно тие се премногу зафатени со освојување на светот.
ТАА ОБОЖУВА СЕКС
Лошите девојки ги сакаат мажите. Тие се чувствуваат исполнето ако ја исполнат секоја фантазија на мажот. Тие се тип на жени кои се груби, знаат точно што сакаат и како да го добијат тоа.
ТАА ИЗГЛЕДА СЕКСИ
Лошите девојки обично се многу атрактивни. Добро го познаваат своето тело и знаат како тоа да го искористат. Тие сакаат да се во центарот на машкото внимание. Овие девојки не се плашат да облечат нешто провокативно и да го покажат деколтето.
ТАА ГО ПОДИГНУВА ЕГОТО
Кога мажот има лоша девојка покрај него, сите други се љубоморни, а тоа допринесува мажот да биде полн со самодоверба.
НЕГАТИВНИТЕ РАБОТИ КАЈ ЛОШИТЕ ДЕВОЈКИ
ТАА НЕ Е ЛИЧНОСТ НА КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ВЕРУВА
Сите мажи ја сакаат и таа тоа го знае. За нејзе најважен е сексот и флертот, па затоа мажите не очекуваат таа да биде лојална и верна.
ТАА Е ЛОШ ПАРТНЕР
Лошите девојки се екстремно себични и опседнати со самите себе. Тие се екстравагантни и не можат да воспостават врска само со еден маж. Поради ова тие обично ретко имаат долги врски.
ПОЗИТИВНИТЕ РАБОТИ КАЈ ДОБРИТЕ ДЕВОЈКИ
ТАА Е СТАБИЛНА И ФИНА
Добрите девојки се позитивно настроени кон животот и убаво е да се биде во нивна близина. Таа секогаш наоѓа начин за да помогне. Им пристапува на проблемите смирено, наместо со гнев и нервоза.
ТАА Е ВЕРНА
Добрите девојки се посмирени и не се забавуваат до крајност. Тие сакаат да ја најдат вистинската љубов, а не да ја заведат цела машка популација.
ТАА Е ДОБРА ДРУГАРКА
Таа ужива во друштво и дава повеќе отколку што добива. Многу лесно секој може да се потпре на советите на добрите девојки.
ТАА Е ДОБРА СОПРУГА И МАЈКА
Добрите девојки се стабилни и со нив може да се изгради врска. Тие сакаат деца. Обично добрите девојки доаѓаат од добри семејства и сакаат истите тие вредности да ги внесе и во својот брак.
НЕГАТИВНИТЕ РАБОТИ КАЈ ДОБРИТЕ ДЕВОЈКИ
ТАА НЕ Е ТОЛКУ ВОЗБУДЛИВА
Повеќе би сакала да остане дома и да се релаксира отколку да излезе и да се забавува. Животот со добра девојка може да биде малку монотон.
ТАА НЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРА ВО КРЕВЕТ
Добрите девојки често знаат да бидат досадни во кревет, или поради недостаток на искуство или поради тоа што се повлечени. Сексот со добра девојка е предвидлив и обично мажот ја презема акцијата.
ТАА НЕ СЕ ОБЛЕКУВА ПРОВОКАТИВНО
Обично таа не обрнува многу внимание на модата. Косата често е несредена и користи малку шминка. Избегнува провокативна облека и не сака многу да го покажува телото.
Повеќето мажи ретко одолеваат на лошите девојки, но сепак кога би требале да изберат би се одлучиле за онаа опција која е посигурна и подолгорочна - добрите девојки.
78% од мажите имаат изјавено дека повеќе сакаат добри девојки.


















































