
Некои жени веднаш се возбудуваат, но на телото му е потребно време за да почне да реагира.
Сексот е физичка активност која различно ја доживуваат и мажите и жените. Секако целта и уживањето се исти, но сепак неколку прашања во врска со сексот на мажите се уште не им се одговорени и им се вечна дилема.
Што ако сексот стане досаден?
Секое машко се плаши од тоа сексот да замре. Во долгите врски, нормално е еден период сексот да замре. Вашиот партнер ќе биде спремен да се откаже зошто ќе мисли дека нема што друго да се направи во врска со вас, но тоа не значи дека и вие треба сосема да се откажете и да раскинете со него. Едноставно треба повеќе да се потрудите и да бидете повеќе слободоумна во поглед на експериментирањето. Зачинете го сексот и спасете си ја врската.
Мојата девојка сака да имаме секс, но не сака секс набрзина. Зошто?
Секое момче понекогаш сака набрзина да има секс. Доколку имате проблеми со навлажнување, обидете се со некој лубрикант. Некои жени веднаш се возбудуваат, но на телото му е потребно време за да почне да реагира. Дозволете му го тоа задоволство. Ќе ви се допадне и на вас.
Зошто не сака кога гледам порно филмови и порно списанија?
Уште од појавата на првиот број на Playboy, жените се гнасат од таквите списанија и филмови. Девојки, на мажите тоа им е интересно и вие тоа не можете да го промените. Колку повеќе му забранувате, толку повеќе тој ќе сака да гледа такви филмови и списанија. Покажете му дека не ви смета да го прави тоа, но да не ги преминува границите. Сосема е друга ситуацијата доколку е опседнат со порнографски материјали.
Што ако не сака сега да имаме секс?
Момчињата понекогаш се плашат да бидат одбиени. Но, тоа не значи дека треба да правите нешто што вие не сакате. Не треба премногу бурно да реагирате доколку тој посака да имате секс. Ако немате желба во тој момент, љубезно одбијте го и доколку ве сака и почитува, ќе ве разбере и нема да ве тормози. Нагласете му дека не го одбивате него туку сексот.


















































