
Физичкиот изглед е доста важен за оставање добар впечаток, но дали е тоа најбитното?
Уште од мали не учеле дека првиот впечаток е најбитниот. Затоа девојките на првиот состанок даваат се од себе за да изгледаат прекрасно и да остават добар впечаток. Се обидуваат да ги истакнат оние работи за кои сметаат дека на мажите им се најбитни.
Физичкиот изглед е доста важен за оставање добар впечаток, но дали е тоа најбитното? Дали девојките ги истакнуваат вистинските работи?
Што прво забележуваат мажите?
ДЕКОЛТЕ
Мажите обожаваат да го гледаат женското деколте. Не дека тоа е некоја новост. Но, тоа не значи дека треба да се шетате разголена. Суптилното откривање на деколтето е сосема доволно.
КОСА
Повеќето мажи не забележуваат дали имате надградба на коса или не, но она што го забележуваат е дали имате мека, сјајна коса и дали мириса убаво.
ШМИНКА
Со помош на шминката се нагласуваат убавите црти на лицето. Но, доколку претерате со шминкање, мажите ќе проучуваат како сте успеале да направите таква комбинација со шминките.
ТОРБА
Верувале или не, мажите ја забележуваат и вашата торба. Не гледаат од кој дизајнер е, каква боја и модел. Но, доколку имате голема торба тие ќе сметаат дека сте тешка за „одржување", иако можеби тоа не е воопшто точно.
КОЖА
Можеби вие цел ден ќе се нервирате за акната, која мажот нема ни да ја забележи. Но, она што ќе го забележи со сигурност е портокаловиот тен од предолгото сончање.
НАСМЕВКА
Најбитното нешто за мажите е искрената и природната насмевка. Ако е премногу форсирана и лажна, верувајте дека веднаш ќе ја препознаат.


















































