
Има многу мал процент на жени кои не можат да доживеат оргазам. Останатите не знаат што им одговара и што ги води до оргазам.
Многупати сме ги чуле мажите како зборуваат за тоа дека жените мораат да постигнат оргазам, дека ќе бидат разочарани ако не го достигнат... Зборуваат како да се прави експерти. Но, дали ги знаат точните факти за женскиот оргазам?
Мажите за оргазмот кај жените мислат:
Погрешно: Некои жени не можат да постигнат оргазам
Има многу мал процент на жени кои не можат да доживеат оргазам. Останатите не знаат што им одговара и што ги води до оргазам. Други не знаат што ги возбудува. Многу жени при самозадоволување можат да доживеат оргазам, а при секс не.
Погрешно: Вагиналниот оргазам е подобар од клиторичниот
Не може да се дискутира кој оргазам е подобар затоа што секој различно го доживува. Како што некој ужива во аналниот секс, друг не сака ни да чуе за него. Вагиналниот оргазам поретко се доживува па затоа повеќе се цени, но тоа не значи дека клиторичниот не е добар.
Погрешно: Оргазмот значи дека жената е задоволена
На многу жени не им е важно да доживеат оргазам колку што им е важно сексот да биде добар и за време на сексот да се поврзат со партнерот. Многу жени повеќе уживаат во предиграта, во бакнежите и прегратките и не мислат многу на тоа дали ќе доживеат оргазам.
Погрешно: За постигнување оргазам, потребен е голем пенис
За постигнување оргазам не е важна големината на пенисот. Ниту пак техниката. За задоволување на една жена, потребно е добро да се познава женското тело и да се знаат желбите на жената. Вагината содржи многу помалку завршетоци, за разлика од клиторисот, што е причина зошто тие не доживуваат вагинален оргазам. Жените доживуваат оргазам преку клиторисот.






































