
Иако мислиме дека мажите се едноставни и лесно можеме да ги протолкуваме сите нивни следни потези, тоа не е толку точно.
Жените имаат свои тајни, но исто така и мажите. Не дека тоа се заговори против женскиот род, но едноставни мали работи кои им сметаат во врска со вас, а никогаш нема да соберат храброст да ви ги кажат.
Иако мислиме дека мажите се едноставни и лесно можеме да ги протолкуваме сите нивни следни потези, тоа не е толку точно. Кои тајни тие никогаш нема да ги споделат со вас?
Многу шминка не е секси
Мажите всушност сакаат девојки без шминка. Но, доколку се користи како што треба и во мали количини, можат да станат машини за заведување. За девојките со многу шминка во различни бои, се прашуваат како вистински изгледаат.
Понекогаш мислат дека жените навистина се луди
Во некои ситуации, тие навистина сметаат дека жените се луди затоа што не можат да најдат друго логично решение за некое однесување или караница.
Мразат жени кои се трудат да бидат дел од машкото друштво
Мажите имаат сопствен јазик кога зборуваат со другарите и меѓусебно се разбираат. Свесни се дека нивните коментари и шеги на туѓа сметка се детински, не сакаат жената кога се однесува исто како и тие. Тоа е нивен свет кога не се со вас.
По секс за една вечер сакаат само поздрав
По неверојатниот секс за една вечер, разделувањето сакаат да биде што пократок и без никакви обврски. Не сакаат ни да мислат дали некогаш би биле во врска со таа девојка или не. Обичен поздрав или прегратка се доволни.
Не сакаат секс под туш
Секс под туш, за кој сме гледале по филмовите, на мажите не им е толку возбудлив. Покрај тоа што не можат да пенетрираат убаво, се плашат да не се лизнат при самиот чин.
Сакаат да лечат депресија со шопинг
Кога се депресивни, тие наоѓаат утеха во купувањето облека. Новите работи им ја зголемуваат самодовербата за некој степен. Машкото друштво што го носат со себе за време на шопингот за нив претставува друштвена терапија против депресијата.


















































