
Според истражувањата кои биле направени врз 100 мажи, 64% од нив одговориле дека повеќе ги привлекува голем задник.
Мажите секогаш знаат да ја свртат главата кон некоја девојка која има големи гради или пак голем задник. Секое машко индивидуално одлучува што повеќе го привлекува. Ние најдовме некои истражувања кои ќе ви помогнат да дознаете што повеќе ги привлекува мажите, да откриете какви се тие типови на мажи кои сакаат поголеми гради и кои црти на лицето ги привлекуваат мажите.
Дали мажите повеќе преферираат гради или задник?
Ова е често прашања помеѓу мажите. Истражувањата покажуваат дека мажите многу лесно можат да се одлучат што им се допаѓа повеќе и во која големина. Според истражувањата кои биле направени врз 100 мажи, 64% од нив одговориле дека повеќе ги привлекува голем задник.
Кои типови на мажи ги привлекуваат големите гради?
Мажите кои се мажествени, сакаат спорт или пак мажи кои имаат голем контакт со жени ги привлекуваат големите гради. Мажите кои пијат помалку, кои се религиозни и имаат тенденција да бидат депресивни во врска преферираат жени со помали гради.
Какви црти на лице ги привлекуваат мажите?
Мажите ги привлекуваат оние црти на лицето кои се разликуваат од нормалното: полни усни, мека и нежна кожа, тенки веѓи. Крупните очи исто така се предност.
Важноста на изгледот за жените
Експресијата во очите ги стимулира жените, но не значи дека тоа е единственото нешто што може да ги возбуди жените. Во едно истражување беа прашани 100 мажи за тоа кои карактеристики се најатрактивни за жените, а истото прашање им беше поставено и на жените. Првите четири машки карактеристики беа сосема различни од она што жените го одговорија. Машкото мислење беше дека жените сакаат мускули, широки раменици, голем пенис и добра височина. Жените се одлучија за мал задник, рамен стомак, слаба форма на тело и експресија на очите. Мускулестото тело и големиот пенис скоро беа на крајот на листата.


















































