
Раскинувањето мора да биде болно и искрено. Треба да кажете како се чувствувате за да не му оставите ни најмала надеж дека повторно може да бидете заедно.
Мозокот кај мажот и мозокот кај жената функционира сосема различно. Жените даваат сигнали, кои мажите би требало веднаш да ги разберат, но во пракса се покажала обратното. Тие немаат никаков поим што се обидуваме да им сигнализираме.
Суптилните знаци за мажите немаат никакво значење. Затоа треба да им се пристапи директно и јасно.
Доколку ги праќате следниве сигнали, знајте дека со сигурност нема да ве разбере.
Краток поглед
Кога девојката кратко ќе го погледне момчето и ќе го тргне погледот на страна, таа мисли: Му дадов до знаење дека ми се допаѓа.
Тој сфаќа: Сигурно имам нешто на лицето или се обидува да види кое пиво го пијам.
Момците ваквото однесување го сфаќаат како навреда и често ја испуштаат прилика да се запознаат со некоја девојка што им се допаѓа.
Глумење умор
Таа мисли: Му давам до знаење дека ми е здодевно и дека сакам да си одам дома. Така нема да повредам никој.
Тој сфаќа: Сигурно сака да отспие во колата додека ја продолжам да се журкам.
Секогаш прво ги гледаат практичните решенија. Кога ќе им се каже дека сме уморни, тие така и ќе не разберат. Единствено решение е да му кажете дека сакате да си одите дома.
Суптилно допирање
Таа мисли: Ја користам секоја прилика да го допрам и се смеам на секоја негова шега. Ќе разбере дека ми се допаѓа.
Тој не ги ни забележува тие допири. На мажите им треба време за да сфатат дека станува збор за кокетирање. Доколку издржите во кокетирањето, на добар пат сте.
Безболно раскинување
Таа мисли: Пристојна сум и му дадов јасно до знаење дека повеќе не сме заедно.
Тој сфаќа: Уште ме сака.
Раскинувањето мора да биде болно и искрено. Треба да кажете како се чувствувате за да не му оставите ни најмала надеж дека повторно може да бидете заедно. Подобро да ја дознае болната вистина отколку да го наведете да мисли дека се уште има надеж за вас двајца.
Користење интелектуални зборови
Таа мисли: Паметен е. Користам зборови кои ќе ги разбере и така ќе сфати дека ми се допаѓа.
Тој сфаќа: Леле колку чудни зборови користи.
Мажите користат впечатливи сигнали. Речениците кои жените ги користат се премногу тешки за нив и нема да можат да ги откријат женските намери.






































