
Корсетите ви ја подаруваат витката и обликувана фигура за која што од секогаш сте сонувале. Но, мажите би ги забраниле тие со закон.
Како стареат, мажите стануваат се попривлечни и поубави. За разлика од нив, кај нас жените, со годините ги губиме тие привилегии. Започнуваме да ги броиме калориите и почнуваат со деноноќно вежбање за да добијат комплимент дека добро се држи.
Високи потпетици
Повеќето мажи сметаат дека нивните партнерки се секси на високи потпетици. Но, секако дека не сакаат да ги носат постојано. Треба да знаат кога и каде да го сторат тоа. Не би сакале постојано да слушаат поплаки дека не можат да одат и дека имаат плускавци на нозете.
Додатоци за градите
Секако дека мажите ги сакаат големите гради, но тоа не значи дека малите не би ги сакале. Доколку го измамите дека имате големи и убави гради, целата негова фантазија ќе ја упропастите кога ќе го соблечете градникот.
Корсети
Корсетите ви ја подаруваат витката и обликувана фигура за која што од секогаш сте сонувале. Но, мажите би ги забраниле тие со закон. Тие сметаат дека самоуверените жени не би посегнале по такво нешто доколку веруваат цврсто во себе.
Методи против стареење
Секоја жена, во одредена возраст посегнува по разните креми кои ветуваат помлад изглед. Мажите овие работи не ги сфаќаат толку озбилно како жените. За нив, брчките од насмевката ги сметаат за симпатични. Го сакаат убавото и природното.
Совршена шминка
По бурната вечер, секако дека не сте имале време да ја извадите шминката. Следното утро, не сакате да се разбудите покрај партнерот поради тоа што ќе види дека шминката не ви е како претходната вечер. Нема потреба да се вознемирувате ако шминката ви се упропастила. Тие сакаат да ве гледаат таква, со разбушавена коа затоа што тоа ги потсетува на она што сте им го правеле цела вечер.
Опсесија за депилација
Сите сакаме нозете да ни се мазни во секое време и се нервираме кога нема да отидеме на време на депилација. Самиот допир не ежи и не вознемирува. Но, верувајте дека мажите тоа не го забележуваат. Повеќе ќе го забележат чудното однесување отколку влакната на нозете.






































