
Помладите момчиња изневеруваат затоа што едноставно не сакаат моногамни врски и затоа што можат да им се фалат на другарите со тоа колку повеќе девојки легнале.
Причините, поради кои мажите ги изневеруваат жените, најчесто можат да не збунат. Најглавна причина за нивното неверство е несигурноста која ја имаат со своите партнерки.
Неколку момчиња беа доволно љубезни да ни откријат кои се причините поради кои ги изневеруваат своите долгогодишни девојки.
„Имам девојка веќе 4 години, но ја изневерувам. Никогаш не ја изневерувам емоционално, чисто за секс. Знам дека ова што ќе ви го кажам е клише, но мојата девојка е премногу добра за мене. Знам дека еден ден едноставно ќе си замине. Убава е и многу паметна. Секој пат кога ќе бидам со некоја друга се чувствувам лошо, но пак продолжувам да го правам тоа. Таа секако не дознала." - Марко, 29.
„Имам две девојки и не знаат една за друга, а успевам да се видам со нив секој ден. Со едната се гледам порано, а со другата подоцна. Секогаш успевам да ги прелажам и да се извлечам со тоа. Дури и за денот на вљубените успевам да ги видам и двете. Ова се случува веќе година и 6 месеци и го правам тоа од проста причина затоа што се заштитувам себе и затоа што не сакам да бидам сам." - Ангел, 25.
Некои мажи го прават тоа затоа што сметаат дека можат постојано да го прават.
Други ги изневеруваат своите девојки затоа што нивните девојки едноставно премногу им дозволуваат.
„Со месеци ја молев мојата девојка да имаме секс во тројка. Конечно се согласи. Собравме една девојка од еден клуб и отидовме дома. Во тој момент, се почувствува како мало дете во продавница за играчки. После тоа, јас започнав да зборувам со други девојки и да ги наговарам на тоа. И велев дека е за наше добро и не ми се лутеше што земам туѓи броеви. Во некои прилики, не правевме тројка, туку јас ја изневерував со некоја друга девојка." - Мартин, 32.
Има и такви момци кои ги обвинуваат своите партнерки за неверствата, велејќи дека ги запоставувале и дека барале внимание.
Според експертите, неверствата на мажите најчесто се поврзани со нивната возраст. Помладите момчиња изневеруваат затоа што едноставно не сакаат моногамни врски и затоа што можат да им се фалат на другарите со тоа колку повеќе девојки легнале. Ваквите момци најчесто влегуваат во посериозни врски само затоа што девојките така сакаат.
Постарите момци тоа го прават од други причини. Тие изневеруваат поради некој проблем во нивната врска или пак во нивниот живот.
.gif)






















.gif)























