
Знаеме дека годините не сакаме да ги споменуваме, особено не со партнерот. Секоја жена се плаши од помислата дека старее и дека никогаш повеќе нема да биде убава како во младите години.
Сите знаеме дека ние жените сме комплицирани суштества и дека лесно можеме да избувнеме. Честопати, да не кажам во 99.99% од случаите, погрешно ги толкуваме изјавите на нашите партнери и најчесто поради тоа недоразбирање избива караница.
Како најчесто ги сфаќаме нивните реченици?
1. Маж: „Мене ми изгледаш исто."
Жена:„Абе не ме замарај!"
Кога прашуваме дали изгледаме добро и го добиеме овој одговор од партнерот, не кревајте веднаш паника. Размислете убаво! За нив што и да облечете, ќе им бидете убаво. За мажите во сериозна врска е поважна внатрешната убавина отколку некое парче гардероба.
2. Маж:„Изгледаш одлично за твоите години."
Жена:„Стара си, ама не изгледаш толку многу старо!"
Знаеме дека годините не сакаме да ги споменуваме, особено не со партнерот. Секоја жена се плаши од помислата дека старее и дека никогаш повеќе нема да биде убава како во младите години. Но, тоа не е вистина. Партнерот ве сака поради тоа што сте во секој момент, без разлика дали носите шминка или не. Прифатете ги годините и максимално уживајте во животот.
3. Маж:„Сега не можам да зборувам за тоа."
Жена:„Имам попаметна работа во моментов од твоето брмчење."
Не ја помислувајте веднаш најлошата варијанта дека не сака да зборува со вас. Размислете малку! Можеби го прекинувате во некоја важна работа или пак за време на некој состанок. Смирете ги страстите и не избрзувајте.
4. Маж:„Изгледаш многу уморно!"
Жена:„Воопшто не си ми атрактивна денес!"
Кога жената ќе ја чуе оваа изјава, таа веднаш мисли дека не изгледа добро и дека не му е привлечна на партнерот. Но, најчесто грешиме. Тие се грижат за нас и само сакаат да ни посочат дека напорниот ден на работа се познава по нашето однесување и дека треба да се одмориме убаво.
5. Маж:„Што си правела со косата?"
Жена:„Фризурава ти е катастрофа!"
Сигурно кога ќе го чуете ова си велите „Колку само е незаинтересиран за мене што дури и отворено ми кажува дека не сум убава!" - Грешка! За мажите е потребно време да се прилагодат на новата фризура, не дека не ви стои убаво, само едноставно новиот изглед за секое машко е ненадеен.
6. Маж:„Си ослабела."
Жена:„Порано беше многу дебела!"
Тоа што напорно сте работеле да симнете неколку килограми се познава, но изјавата од партнерот дека сте ослабеле не значи дека порано сте биле дебела и не сте му биле привлечна. Едноставно укажува дека напорната работа се исплатела. Да не ве сакаше, би бил ли со вас во деновите кога сте биле „дебела"?
.gif)






















.gif)























