
Често мислиме дека големите гради ќе ни помогнат многу полесно да најдеме партнер, но тоа е само една голема лага.
Секако дека не треба лесно да потклекнувате на туѓите тврдења за некоја конкретна тема затоа што не знаете дали се точни, а од друга страна доколку го правите тоа, ќе излезете како да немате свое јас и свое мислење.
Не значи дека треба да бидете отсечна кон тие тврдења. Но, понекогаш кога разговарате со пријателките, добро е да се разгледаат нивните мислења и тврдења како опција и да се направи мало истражување во врска со таа тема.
Може да дознаете многу факти кои не сте ги знаеле, а не сте ни помислувале дека постои нешто такво.
Кои се најчестите бајки за мажите и сексот, во кои многу девојки веруваат?
Мажите сакаат големи гради
Често мислиме дека големите гради ќе ни помогнат многу полесно да најдеме партнер, но тоа е само една голема лага.
При првата средба со некое потенцијално момче, првото нешто на кое што мажите најмалку придаваат важност се женските гради. Тие најпрво гледаат во рацете и лицето на девојката.
Тие повеќе ги ценат добрата смисла за хумор и интелигенцијата отколку градите на жената.
Мажите изневеруваат почесто од жените
Ова тврдење било точно, но пред многу години. Денес, девојките не заостануваат многу кога станува збор за неверство.
Покрај оваа причина, кај жените се појавува уште една. Тоа е кога чувствуваат дека нивниот партнер не ги цени доволно, па затоа љубов, прегратки, бакнежи, а најмногу нежност бараат кај некој друг.
Мажите не се трудат за предигра
Често мислиме дека мажите не се грижат за тоа дали ние сакаме да имаме предигра или не.
Но, верувајте дека и жените уживаат во спонтан, страствен, брз и див секс, а сметаат дека предолгата игра може да стане здодевна. Мажите често ја чувствуваат енергијата на жената со која се интимно блиски и знаат дали таа сака да има преигра или не.
.gif)






















.gif)























