
Работата и професијата е клучна за тој да сознае дали вие имате визија за себе во иднина и какви цели сакате да постигнете.
Првиот состанок е наменет за подобро за познавање на двајцата присутни. Доколку се уште ви е срам да се опуштите пред потенцијалниот партнер, тој има неколку прашања кои ќе ја загреат вечерта и од нив може да се дознае дали ќе биде нешто од вас двајца или не.
Прашањата кои тој сака да ги постави не значи дека сте на полициско испитување, туку едноставно се интересира за вас, сака кога му говорите, а од друга страна тие прашања се одлична прилика да дознае нешто повеќе за вас, вашата личност и карактер.
Кои прашања може да очекувате да ви бидат поставени од негова страна?
- Што би направила со милион евра?
Одговорот на ваквото прашање ќе му открие на потенцијалниот партнер кои се вашите хобија, интереси и неостварени желби. Ќе дознаете дали сте духовно или материјално настроена личност. Ако откриете дека сакате да патувате низ светот, ќе откриете дали сте девојка со авантуристички дух или добра душа што би сакала да ги донира сите пари во добротворни цели.
- Која е најлошата работа што некогаш си ја направила?
Ова прашање само по себе е забавно. Не само што може да се насмеете за некоја анегдота, туку може да му ги покажете вашите гледишта на светот, вредностите, приоритетите... Тие работи му се доста важни на секое момче на кое му се допаѓате.
- Сакаш ли да јадеме лигни?
Со ваквите егзотични јадења, тој ве тестира дали сте подготвени за неочекувани работи и дали имате отворен и авантуристички дух.
- Интересно ли е човек да ја има професијата што ја имаш ти?
Работата и професијата е клучна за тој да сознае дали вие имате визија за себе во иднина и какви цели сакате да постигнете. Сето тоа зависи од тоа дали работата ја работите со мерак или ја работите само колку да преживеете во текот на месецот.
- Каде на друго место сакаш да живееш?
Домаќинка со дечиња или девојка која сака луди забави? Ова прашање ќе му ја одгатне оваа мистерија.
.gif)






















.gif)























