
Доколку стоите цврсто на својата одлука да му поставите ултиматум, тогаш може да му создадете чувство на вина, дури и да не е виновен за целата ситуација.
Мислите дека неговата љубов за вас е толку голема што дури е подготвен да направи се за вас? Сигурни ли сте во тоа? Сигурни ли сте дека доколку му поставите ултиматум нема да ве напушти?
Сте се запрашеле ли можеби некогаш што поминува низ неговата глава кога ќе се осудите да отидете толку далеку?
Сте поставиле ли некогаш ултиматум? Каква била неговата реакција?
Какво е неговото мислење на оваа тема?
„Сериозна е? Не, не! Мислам дека се шегува!"
Најверојатно немаат таква претстава за вас дека некогаш ќе го доживеат денот кога ќе им поставите ултиматум.
Затоа ќе се запрашуваат дали сте сериозни со она што сте го кажале. Има и такви машки што кога ќе го чујат тоа, почнуваат хистерично да се смеат и да се шегуваат со вас.
„Треба да и подарам нешто!"
Многу мажи мислат дека со подарокот ќе се искупат за грешката која ја направиле. Честопати си велат „букет со ружи и дијамантските обетки запалија претходниот пат. Зошто не би успеало и сега?"
„Јас сум виновен!"
Доколку стоите цврсто на својата одлука да му поставите ултиматум, тогаш може да му создадете чувство на вина, дури и да не е виновен за целата ситуација.
Тој потајно ќе се обвинува себе и ќе се обидува да најде начин да ја исправи целата збрка која настанала.
„Ќе молчам"
За жал, постојат и онакви машки кои мислат дека со молкот ќе ја средат целата ситуација.
Најчесто грешат затоа што тоа уште повеќе ја нервира девојката, а од друга страна и потврдуваат дека тој навистина е виновен и дека не треба да се противат на ултиматумот доколку сакаат врската да продолжи.
„Ќе ја изгубам со сигурност"
Слабите машки најчесто имаат вакви помисли. Самата помисла дека ќе ја изгубат саканата за нив е нешто неподносливо.
Тие ќе направат се за да ја решат ситуацијата, па дури и да треба да им бидат слуги на партнерките. Очајно сакаат партнерката да им прости затоа што не можат да си го замислат животот без неа.
.gif)






















.gif)























