
„Некои работи едноставно му се свети на мажот, како на пример сите работи за бричење. Можам се друго да делам со девојката или сопругата, но едноставно тоа не можам.“
Дали лажат за да се покријат себе или за да не ви ги повредат чувствата, вашите партнери ќе го сторат тоа порано или подоцна.
Затоа, неколку момчиња ги доверија нивните лаги со нас. Да видиме за што лажат тие кога станува збор за изгледот на нивната партнерка.
Не ми пречи кога го користиш мојот брич
„Некои работи едноставно му се свети на мажот, како на пример сите работи за бричење. Можам се друго да делам со девојката или сопругата, но едноставно тоа не можам." - Давид, 33.
Не изгледаш дебело во тоа!
„Секој пат кога мојата девојка ќе ме праша како изгледа, јас и велам дека изгледа одлично. Морам тоа да го кажам зошто еднаш кога се обидев да и кажам дека во тој фустан што го носеше изгледаше малку како проститутка, не дека ми пречеше, таа ми го зема телефонот, ме маваше и го скрши од ѕидот." - Ангел, 24.
„Премногу ја сакам мојата девојка, но мразам кога ќе ме праша што да носи. Мислам, што знам јас за мода? Секој ден облакам чорапи што си одговараат. Е тоа е моден ден за мене! На крајот, што е важно што мислам јас?" - Лазар, 32.
Не ја гледав во градите!
„Девојка ми постојано ми се лути што кога ќе отидеме во некој клуб или дискотека или едноставно седнеме некаде на кафе и ќе помине некој девојка со добри гради и уште подобро деколте, се вртам по неа. Секако морам да се извинувам, а таа едноставно не сфаќа дека тоа е несвесна реакција кај секој маж." - Димитар, 26.
Извини
„Кога девојка ми ќе ме праша како изгледа и јас ќе и кажам само добро, таа веднаш се лути затоа што не сум и кажал дека е прекрасна, што најверојатно во тој момент не била. Морам да се извинувам зошто нема да ми каже ниту еден збор не само во текот на вечерта, туку најверојатно цела недела." - Војдан, 29.
„Понекогаш не размислувам кога ќе и кажам извини на мојата девојка. И го кажувам тоа затоа што навистина не можам да се карам со неа, па затоа полесно ми е да се направам виновен отколку да навлеземе во дебатирање. И без тоа никогаш не можам да ја победам во тоа." - Сашо, 22.
.gif)






















.gif)























