
Да, мажите често мислат на секс без разлика да ли е наутро, на пладне или пак навечер додека вие спиете.
Во овие модерни времиња каде постои социјалната мрежа, интернетот... мислиме дека ништо не ни е скриено кога станува збор за машкиот пол. Постојат многу работи кои секако не ви се откриени затоа што вашите партнери едноставно знаат добро да го прикријат тоа.
Кои се тие работи што ги кријат?
Често ви го проверуваат социјалниот профил
Многу работи можат да се дознаат од вашиот Twitter, Facebook и останатите места за социјална интеракција. Без разлика дали е тоа некоја најмала ситница за тоа каква музика слушате или пак каде ќе одите вечерта, за мажите е од огромна помош.
Можеби ќе речете дека станува збор за несигурност, но и вие тоа би го направиле, нели?
Често мастурбираат
Да, мажите често мислат на секс без разлика да ли е наутро, на пладне или пак навечер додека вие спиете. Тоа не значи дека постои некоја маана во вашиот сексуален живот, туку едноставно тоа е нивен начин за да се ослободат од стресот.
Ако вие се ослободувате со топла купка или пак со чаша вино, единствена техника за релаксација кај мажите е мастурбацијата.
Гледаат романтични филмови
Зошто да не го прават тоа? Сепак, не заборавајте дека од филмовите најмногу се учи и дека некогаш може да научат некоја нова работа за женскиот род или едноставно да научат како да ве изненадат.
Не дека тоа на вас ќе ви падне лошо, нели? Можеби некогаш ќе гледате заедно некој таков филм.
Имаат денови кога се однесуваат како свиња
Точно е! Постојат и такви денови кога ги мрзи да отидат дури и до тоалетот. Сакаат само да седат на софата, да облечат некоја нечиста маица и да гледаат цел ден фудбал.
Грицките и пивото секако ќе ги дружат, но бидете сигурни дека вие не би сакале да ги видите во вакво светло.
.gif)






















.gif)























