
Ниту едно машко не е доволно глупаво да коментира за други девојки и нивниот изглед пред својата девојка, доколку секако не се обидуваат да и раскинат.
Многу често наместо партнерот да ви рече „Слушај срце, веќе е готово меѓу нас!", тој решава да започне чудно да се однесува со што секако ризикува да го замразите и да не сакате никогаш повеќе да го видите.
Затоа, како може да забележите дека не е повеќе заинтересиран со вас и дека размислува за тоа како да ви раскине?
Нападот е најдобра одбрана
Цело време ќе одбира пријателите, а за вас нема време? Преку глава ви е од тоа да ви вели дека вие сте таа која нема време за него и дека сте себична што повеќе време поминувате со пријателките?
Ова е нивна тактика да ви здодеат нивните обвинувања и да бидете вие таа што ќе му раскине затоа што тој е кукавица да го стори тоа.
Не го прави тоа што рекол
Кога ќе го замолите партнерот за некоја работа и ќе треба да го замолите уште неколку пати, тогаш сте во неволја. Нема повеќе интерес да прави работи за вас, да излегува со вас, да разговара на телефон со вас...
Кога ќе се почувствувате дека го прави ова, запрашајте се кон што оди вашата врска.
Коментира за други девојки
Ниту едно машко не е доволно глупаво да коментира за други девојки и нивниот изглед пред својата девојка, доколку секако не се обидуваат да и раскинат.
Коментарите дека некоја девојка изгледа многу подобро од вас можат да ве вознемират, па затоа направете си услуга и заминете пред тој официјално да ви раскине.
Постојано ве прашува дали е се во ред меѓу вас
Мажите не сакаат да коментираат и долго да разговараат за нивната врска. Но, кога сакаат да раскинат со девојката, започнуваат да поставуваат прашања дали е се во ред со врската, дали е врската она што девојката го сака, да поставуваат прашања за иднината...
Забележете дека тоа е само нивен начин да ви укажат дека тие не се вистинското за вас и за побрзо да се откачат од вас.
.gif)






















.gif)























