
Тие не можат да сфатат зошто толку одблизу ја следите вашата врска и зошто се лутите за тоа ако заборави дека правите една година, 2 месеци и 5 дена.
Постојат неколку работи кои едноставно можат да го оладат вашиот партнер. Замислете секој пат кога сакате да имате секс и ќе изреагирате за нешто, неговиот пенис да се спушти?
Не е дека ваквите „напади" не се оправдани и дека не треба да се случуваат, но едноставно тие не ги сфаќаат нив.
Кои ваши драми нема никогаш да ги сфатат?
Солзи
Момците можат да пуштат солза на погреб кај блиска роднина или пак кога ќе добијат удар помеѓу нозете, но во суштина тие никогаш не плачат. Затоа тие не можат да сфатат зошто жените толку многу плачат.
Дебелина
Никогаш нема да сфатат што се случува со нашите килограми и зошто толку се напнуваме околу нив. За нив е несфатливо како може во една вечер да пробаме 5 комбинации и во сите нив според нас да изгледаме дебело, а вистината е далеку од тоа.
Годишнина
Ако заборави на вашата годишнина, тогаш навистина заслужува да бидете налутени и ладни кон него, но ако броите кога прв пат ви подарил цвет или во колку часот прв пат сте се бакнале? Не мислите дека претерувате?
Тие не можат да сфатат зошто толку одблизу ја следите вашата врска и зошто се лутите за тоа ако заборави дека правите една година, 2 месеци и 5 дена.
Поранешните пријатели
Не можат да сфатат како ние можеме да збориме и да поминеме цела вечер со некоја девојка која седела до нас во основно училиште.
Секое машко за оваа тема би ви рекло: Која е поентата да се троши животот на некоја личност со која сте биле блиски пред 10 години, а сега не ни знаете како живее?
.gif)






















.gif)























