
Зошто секој пат се лутите кога тој флертува со други девојки? Мислите дека ќе ве чека цела вечност да се одлучите што сакате?
Најверни другари сте неколку години и со него ги споделувате сите ваши тајни, дури и оние најинтимните.
Но, сигурни сте дека тој ги споделува сите тајни со вас? Дали сте сигурни дека тој не е вљубен во вас?
Што поминува низ неговата глава за вашето однесување со него?
Возбуда
Знаете ли дека го измачувате вашиот пријател со тоа што му ги кажувате сите ваши тајни, што се пресоблечете пред него како пред која било од пријателките, што го носите со себе кога купувате долна облека и барате негово мислење за тоа како ви стои и му зборувате за вашите сексуални искуства?
Сфатете дека на тој начин едноставно го возбудувате, а поради тоа што сте му пријателка и не може да направи ништо, се измачува.
Жена
Зошто го третирате како да е жена? Разберете дека тој никогаш нема да ја сфати поентата на шопингот кој некогаш трае цел ден, па затоа не се ни обидувајте да му објасните. Тој не е една од вашите пријателки. Тој е маж па така и однесувајте се со него.
Момче
Зошто мора секое следно момче да знае толку многу детали за вашиот најверен пријател? Не само што ќе о доведете пријателот во непријатна ситуација, туку и ќе си доведете многу проблеми во врската.
Вашето момче ќе го гледа пријателот со други очи бидејќи вие постојано раскажувате за тоа колку е тој фин, внимателен...
Н е се чудете доколку врската прекине токму поради вашата близина со пријателот.
Девојки
Зошто секој пат се лутите кога тој флертува со други девојки? Мислите дека ќе ве чека цела вечност да се одлучите што сакате?
А ако и понатаму не сакате да имате ништо повеќе со него од пријателство, дозволете му да си го живее сопствениот живот.
Срце
Зошто си поигрувате со неговото срце? Кога му велите дека тој е единствениот кој ве разбира, дека не можете без него и дека е совршен и секако дека секоја ќе биде најсреќна на светот доколку биде со него, навистина го збунувате. Зошто го велите сето тоа кога не сакате да имате ништо повеќе со него од пријателство?.gif)






















.gif)























