
Оние мажи што спијат на стомак се страсни и енергични во кревет.
Можеби и вие се прашувате како да влезете во неговата психа и да прочитате се што мисли и чувствува за вас и дали воопшто да вложувате време и енергија во него? Долгите дискусии со пријателките ретко кога ни се од помош, затоа што начинот на функционирање на машкиот и женскиот мозок се сосема различни. Можеме да тргнеме и од физичките разлики меѓу нив како на пример тоа дека просечната тежина на машкиот мозок е за 11-12% поголема од тежината на женскиот, како и бројот на клетките. Беспомошни од оваа гледна точка ќе мора да обрнеме повеќе внимание на говорот на неговото тело.
Спие на стомак со лицето надолу
Тој е страстен и енергичен љубовник. Во кариерата е точен и успешен. Неговата положба за спиење со која го зазема целиот кревет може да симболизира дека е тип кој тешко може да се стави под контрола.
Сака да прави атмосфера
Ако е тип кој знае да запали многу свеќи и да пушти романтична музика, тој е емотивец кој знае како да направи една жена да се чувствува убаво и посакувано. Очекувајте да ве задоволи со долготрајна предигра. Но ако некогаш сакате подив секс вие ќе треба да дадете правец и да ја поттикнете играта.
За време на сексуалниот чин ве гледа во очи
Страшно му се допаѓате. Ако машко ве погледне дури и само на неколку секунди во текот на сексуалниот чин значи сака со вас нешто повеќе, не само физичка поврзаност. Тој исто така ја обожава и страничната поза што симболизира дека е сладок и чувствителен тип кој е заинтересиран за вас и сака да ги открие вашите чувства.
Сака вие да сте врз него
Тој е тип што знае да се забавува и главна цел му е да ви предизвика задоволство. Цени добро поминато време и женски оргазам. Дури 53 проценти од мажите ја сакаат оваа поза.
Спие во положба на фетус
Ваков партнер можете само да посакате. Тој е мил, емотивен и срамежливо си го чува срцето. Навечер ја гушка својата перница која му влева сигурност и потпора. Во секоја врска се предава целосно.
.gif)






















.gif)























