
Денес, се почесто на удар е женскиот паричник.
И вашиот поглед сигурно некогаш се залепил за неодоливиот дечко од милион долари. Среден од глава до петици по најнова мода со впечатливи аксесоари ретко кога може да помине незабележано.
Once upon a time
Долго време се боревме за недискриминација на понежниот пол, но освен тоа добивме и искривени вредности. Порано првото испиено кафе да го плати момчето беше симбол за култура и бон тон, испраќањето на девојката до дома нормална појава, а цвет не беше забрането да се подари и на ден што не е 8ми Март.
Денес
Момчињата како да го подзабораваат ова, а девојките не сакајќи да го признаат незадоволството од своето невнимателно момче ја лажат околината, а најмногу себе си дека се алергични на романтика. Токму ова издигна една генерација на ГОРДИ машки спонзоруши за кои не е потценување девојката да плати пијалак или да ги одвезе дома.
Скапите подароци никогаш не се премногу, затоа што нели тој е момче кое не става на себе парче небрендирана облека или часовник под 200 евра. Така фино спакувани се движат низ скопските дискотеки и кафулиња барајќи ја соодветната мета, нормално тоа е добро ситуирана девојка која ќе падне на нивниот шарм и беспрекорно средена надворешност.
Пијат Johnie Walker Blue, без разлика што во џебот им остануваат последните 200 денари. Во прво време се обидуваат да држат чекор со својата нова партнерка, но со текот на времето како да подзабораваат да се фатат за џебот.
И да не заборавиме дека овој модернистички тренд на барање спонзор наместо работа за жал го воведоа токму некои од жените, но дното е допрено кога мажот си дозволи да се поистовети со една таква жена. Во последно време ни траг, ни глас од маженственоста, достоинството и машката гордост!
.gif)






















.gif)























