seks2Каков е во сексот според хороскопскиот знак?
Дали е скорпија или стрелец? Приредете му ја совршената секси мисија за него!
jako_telo_nema_sto3 машки секс пози
Прочитајте ги 3-те секс позициите што им причинуваат најголемо задоволство на мажите.
vnatreneveraТој чувствува дека го изневерувате!
Еве како ТOJ препознава дека сте го изневериле со друг...
aar-570x517Вистината за машките навики
Неговите дела се поверодостоен доказ за љубов кон вас отколку неговите зборови.

Предоцна ја возвраќаат љубовта


onegin24

Нежната Татјана се бореше во името на љубовта, но Онегин не можеше да каже стоп за авантуристичкиот живот и да крене бело знаме пред невината љубов на оваа жена

Искрата на страста ја почувствува таа, но не можете да ја обвините дека не ја разоткри душата и дека не ги разголи своите емоции како некои од денешните плашливи/ срамежливи девојки... Нежната Татјана се бореше во името на љубовта, но немирниот и меланхоличен Онегин не можеше да каже стоп за авантуристичкиот живот и да крене бело знаме пред невината љубов на оваа преубава жена. Години подоцна кога ја виде во туѓи прегратки посака да биде негова, тој миг и секој нареден ден до крајот на неговиот живот... Но тогаш веќе беше доцна, таа припаѓаше на друг, можеби душата се уште се двоумеше, но телото и умот го знаеја нејзиното место!

Испуштените возови не се враќаат! Зошто ова мажите се уште го немаат сфатено - од времето на Пушкин(романот од 1831 година), многу пред тоа, па и потоа, тие се уште оставаат на силата на приликите или пак на надежта дека жената ќе чека тие да се одлучат искрено да и се предадат и да ја љубат. Зошто многу често тоа го сфаќаат предоцна? Дали затоа што со годините сфатиле дека таа е најдоброто што можат да го имаат или пак туѓата прегратка врз нејзините раменици е ладен туш кои ги потсетува за изгубеното?

Како и да е, жешки се солзите на жената чија љубов е невозвратена. Не е страшно што таа љубела. Страшно е што била љубена, а никогаш не го дознала тоа или го дознала многу подоцна кога нејзиниот живот свртел по сосема друг свијок, а во нејзиниот кревет се буди маж кој го избрала за најсоодветен кога веќе не може да го има љубениот свој. И некои одлуки не можат да бидат повлечени! Нејзината болка ќе биде голема, но таа ќе научи да живее со неа и ќе се помири со својот животен избор.

Но неговата болка, страдање и каење за испуштената прилика и прокоцканата животна шанса ќе бидат многу поголеми затоа што зависеле токму од него, зависеле токму од неговото неискажано, несторено, пропуштено време за вистинска љубов.

Не дека некој маж ќе го признае ова искрено и отворено, но длабоко во себе кога се сами доцна во ноќта и тие се нежни и кршливи. Болката на Онегин беше толку голема што тој дури и не го почувствува студот од - 40 степени во ледениот Санкт Петербург.

Беше тоа еднаш во времето, а ќе биде и повторно...




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?