42-22737896Што може да го намали неговиот сексуален нагон?
Врз желбата за секс, повеќе влијае психичката состојба на партнерите, отколку физичката...
smeni1Toj: „Не пробувај да ме смениш“
Најважно е да расчистите дека ни вие не сте госпоѓица совршена и реaлно да гледате.
kompleks3Комплексот на помалку успешните мажи
Бранењето на ставот го припишуваат на дипломата, а не на денешните чуени вести.
1_zgrbavenaВашето тело нека зборува колку сте...
За да не оставите погрешен впечаток, внимавајте на позицијата на телото!

Зошто мажите се подоцна се женат?


svadbata2

Бракот е заедница во која се соработува на секое поле, па така со заеднички сили и љубов за многу пократко време можете да си обезбедите услови за живот.

Новите времиња ни донесоа и нови трендови. Да, можете да разберете дека ова е време кога голем дел од луѓето се определуваат да завршат факултет, професионално да се реализираат, па дури потоа да се омажат и нормално дека просекот за стапување во брак од 20 години се зголеми на во просек 27 годишна возраст.

Бабите и дедовците ви се чудат и секој ден копнеат правнучиња да им трчкаат низ дома, а вие ладнокрвно реагирате на тоа „Има време".

Секој период во животот носи своја убавина, но зошто да се избрзувате и дискотеките да ги замените со ноќни лулања на вашето бебенце? И досега ви се допаѓаше ова... Се реализиравте на другите полиња, а бракот и семејството беа јаготка на шлагот матен отприлика околу 27 години.

Но започна да ве загрижува фактот што ова како да им се допадна на мажите, а тројката напред е еден од ретките мотиви кои може да ги натера да стапат во брак. Ноќните излегувања, безгрижните седенки со другарите, литри пиво и многу девојки се дел од нивното секојдневие. На моменти дури и помислувате дали се уште не сфатил дека јас сум вистинската и после 4/5/6 години во врска тој се уште не е сигурен да ја побара мојата рака?

Причините поради кои денешните мажи се повеќе живеат во кожата на вечните ергени:

  • Далеку од тоа дека е лошо да се остане годинка, две, три подолго активен во ноќниот живот, да се промени некоја девојка повеќе, а дома да уживаат во улогата на галено мамино синче, кое нема потреба да размислува да плати сметки за струја, вода или пак да не споменуваме да двои од платата за да купува бебешки пелени. Девојки никогаш доволно, но и да ја има пронајдено таа вистинската секогаш е подобро кога има на миг каде да избега од неа.
  • Дваесет и девет годишни сингл момчиња... Во последно време се почесто ги среќаваме. Најчесто зад себе имаат некоја неуспешна долгогодишна врска, после која било потребно некоја година за да се вратат во форма или пак едноставно некоја година на незауздан „расипнички" живот и повеќе авантури од по една ноќ, за повторно да се стават во кошничката на момчиња за озбилно.
  • Третиот, а можеби и најрелевантен фактор е лошата финансиска состојба односно немањето сопствен стан, автомобил, стабилна работа и слично. Ова нивно размислување од една страна колку е правилно, од друга страна толку е погрешно. И вие сами разбирате колку им е важно ова да биде средено пред на своите плеќи да го земат товарот да ве чуваат вас, а релативно скоро можеби и вашето дете.
  • Ова е навистина зрело размислување, но од друга страна гледно на тој начин тие можеби и никогаш нема да ги обезбедат сите овие услови за живот. Дали тоа значи дека вие доживотно ќе бидете момче и девојка кои ќе поминуваат секоја вечер до крајот на животот по 10 километри за да се видат?

    Бракот е заедница во која се соработува на секое поле, па така со заеднички сили и љубов за многу пократко време можете да си обезбедите услови за живот. Објаснете му го ова на своето момче и заедно тргнете во поход. А на крајот на краиштата, зар љубовта не заслужува жртва? Дали вие би се впуштиле со своето момче во оваа животна авантура ако се уште ги немате сите животни услови?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?