
Мажите се воспитани со мислата дека треба да бидат камен темелник на куќата и семејството кое еден ден ќе го создадат, но што кога ќе наидат на доминантна жена.
Доминантни жени се почесто, на чело на познати компании, па дури и на некои политички партии... конечно трендот ја зарази и Македонија. Но тука веќе се јавува проблем. Колку нашите мажи, тврдокорни Балканци, знаат да се носат со успешна жена покрај себе со поголеми примања од нив?
Мажите се воспитани со мислата дека треба да бидат камен темелник на куќата и семејството кое еден ден ќе го создадат, но што кога ќе наидат на пообразована девојка- тогаш веднаш им се активира одбранбениот механизам.
Образование
На почетокот се горди на неа, но потоа таа им станува премногу нападна во бранењето на нејзините ставови. И лошо е што тоа го припишуваат на нејзиното надмено мислење за сама себе, а не на нејзината информираност за тоа конкретно прашање. Започнуваат да патат од комплексот на помала вредност без разлика што таа воопшто не ги гледа на тој начин. Квалитетот си е квалитет, сосема е ирелевантно дали е крунисан со диплома или не.
Многу често ќе напоменат или ќе завршат некоја дискусија со нешто како „Да, ти имаш факултет, ти знаеш се" и слично, како факултетски образованата жена да не смее да ги брани своите мислења се со цел да не се припише тоа единствено на нејзината самоувереност поради дипломата, а не поради точните факти кои ги слушнала вчера на BBC или CNN .
Функција и примања
Да го оставиме образованието на страна.
Тие двајца можеби се на исто образовно ниво, но животот и подарил среќна ѕвезда над неа и таа постигнала поголем успех. Нејзините примања се поголеми и доминираат во семејниот буџет, а тој секојдневно негодува околу тоа, можеби не директно, но преку некои ситни забелешки кои можат да ве извадат од кожа.
„Диригирај на работа, а не дома" е заобиколен пат околу истата болна рана. Доминантната жена, почитувана на работа и преокупирана со безброј обврски, често немајќи каде да ја удри партнерот ја допира за најболната точка со обвиненијата дека таа не е доволно добра сопруга и мајка. Со ова разорно дејство врз нејзината психа сакаат да ја скршат нејзината личност за на повидок да излезе нивната потисната машкост.
Да не глобализираме!
Сепак не сите мажи го имаат овој проблем. Има и такви кои со своите модерни сфаќања воопшто не се комплексираат покрај својата успешна партнерка туку се гордеат со неа и гласно раскажуваат наоколу за нејзините успеси.
Девојки, сте запознале ли некој таков во последно време?
.gif)






















.gif)























