just_themКакви жени сакаат мажите?
Во некои случаи морате да им дозволите на мажите да бидат тоа што се - посилниот пол.
pokkЦената на машкиот поглед
Од жените се бара да се убави во секоја прилика и успешни на секое поле.
sostanok13Мало упатство за состанување
Појдете на втор состанок, често не можеме објективно да процениме на првото видување.
vo_krevet_i_sepka_na_uvo_nesoШто потајно сака од вас?
Кои работи ги сака од вас, а никогаш нема да ви ги каже?

4 „непожелни“ типа мажи

drzok2

Некултурните изрази и несоодветните гестови не треба воопшто да се толерираат

Можеби и вие сте имале искуство со вакви партнери или барем со еден од нив, а искуството ја потврдило листата на топ 4 „непожелни“ момчиња. На прв поглед тој ви изгледаше привлечно, но потоа сфативте дека не може да го контролира тонот на својот глас, нема манири или пие алкохол и се забавува 24/7, а вие сте премногу млада за да вложите толку труд во неговото превоспитување. Секогаш трудете се да го откриете при првото видување!

  Мистер Егоистичен

Тој постојано ве потсетува колку е најдобар, најубав, најпаметен.. Секогаш говори во прво лице, а неретко речениците му започнуваат со „Јас направив“. Тој е тип кој се сака себе премногу и има его до плафонот. Не е добар слушател и разговорот за вашите успеси секогаш ќе го пренасочи во разговор за неговите успеси, неговата нова кола или неговата неодолива насмевка.

Мистер Скржав

Еднаш, не така одамна, момчињата им плаќаа пијачки и им купуваа цвеќиња на своите девојки. Кога сте на состанок момчето најмалку треба да ја покаже својата скржава страна. Од него не се бара скапи вечери и раскошни ручеци, но културно е од време на време да го плати кафето.

Мистер Дрзок

Ова е најверојатно типот кој најмногу ги иритира жените и секако треба да го избегнувате. Набљудувајте го начинот на кој тој комуницира со луѓето. Некултурните изрази и несоодветните гестови не треба воопшто да се толерираат, од двете страни. И ако е некултурен кон другите многу скоро ќе се постави така и кон вас. Зошто да дозволите некому да ви се обраќа со повишен тон без причина или да ве срами пред пријателките? Барем ронка почит сте заслужиле сигурно.

Мистер Party 24/7

Иако забавувањето и дискотеките се нормални кога сте во врска, секој ден од секој викенд е сепак премногу. Лудите забави секој викенд чинат пари, а пиењето алкохол секој викенд во огромни количини и не е така добра навика. Ако уште се однесува поинаку со вас од кога ќе се напие и ви прави сцени, тогаш е веќе премногу.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?