sto_sakaat6 работи што мажот ги сака од вас
Има многу работи што мажите сакаат да им ги приредите за време на сексот, но вие не можете да ги игнорирате звуците во својата глава.
tatko2Татко ми, мажот на мојот живот!
Вложил, години и години, труд и домашно воспитување за да ве изведе на правиот пат.
metrosexualМетросексуалците се во мода
Дали и колку се смени женската перцепција за тоа кои се ВИСТИНСКИ МАЖИ?
stay_in_bedШто мразат мажите во сексот?
Мажите ви ги откриваат триковите што ќе ви донесат поголемо уживање во кревет!

Писмо до непреболениот

pismo6

„Знам дека одлуката што ја донесовме беше единствената исправна со оглед на неподносливата ситуација во нашата врска.#

Помина веќе некое време откако ја прекинавте врската со него, но се уште ве стега обрачот на спомените толку цврсто околу вратот што на моменти не можете да дојдете до здив. Имавте преголеми чувства кон него и тој беше љубовта на вашиот живот, но сега останавте сами во канџите на својот очај, тага и осаменост. Но запомнете, само кукавиците се убиваат од љубов!

Не знаете како да раскрстите со минатото и да исфрлите се што чувате во себе. На моменти помислувате да се качите не врвот на Водно да викнете на сет глас се со цел повторно да дишете слободно, а сите неискажани зборови и потиснати чувства да ги пратите во неповрат.

Еве еден убав начин да го постигнете истиот ефект, а никој околу вас да не се прашува дали нешто не е во ред со вас.

Напишете писмо до вашиот поранешен партнер и во него преточете ги сите чувства во зборови. Откако ќе го направите тоа ќе си симнете камен од душата. Ако сте доволно храбри и сакате тој да знае како се чувствувате дадете му го тоа писмо, а ако не само застанете на Камениот или било кој друг мост над реката Вардар и дозволете брановите да ја однесат вашата приказна, а со тоа и вашата тага.

Писмо до мојот „Непреболен“

Драг, X

Знам дека одлуката што ја донесовме беше единствената исправна со оглед на неподносливата ситуација во нашата врска, во која не одведоа преголемата љубов, болната љубомора, па дури во еден миг постанавме опсесија еден на друг.

Свесна сум дека сторивме се за да ги усогласиме нашите карактери, но тоа е... Водата и маслото не се мешаат. Премногу сме различни за да живееме во еден наш заеднички свет.

Те сакав премногу, се уште те сакам и не можам против тоа. Секое утро ми недостасува твојата прегратка, а секоја ноќ твојот мил глас за слатко да сонувам. И токму кога ќе почнам да тонам во болните спомени за минатите среќни времиња и ме напаѓа неподносливо чувство на носталгија веднаш се трудам да помислам на сите кавги, солзи и ноќи минати во болка.

Си кажавме премногу остри зборови кои и денес ме режат, но ми фалиш. Сакам да го знаеш само тоа. Сакам да знаеш дека си единствениот што го сакав така искрено, кој ги побудалуваше пеперутките во мојот стомак и за кој имам сторено повеќе отколку за било кој друг човек на планетава.

Има нови ликови во мојата животна приказна, но сите толку бледи, сите толку безначајни.

Уште го паметам мигот кога служев кафе кај твоите баба и дедо и кога твојата мајка горда раскажуваше наоколу за својата убава потенцијална снаа. Со тебе го искусив најубавото, но и најлошото што животот ми го дарил до сега. Кога бев со тебе не ми беше никој друг потребен за да бидам среќна, се смеев едноставно затоа што те гледам, но и за прв пат во мојот живот викав на цел глас, си ја кубев косата како никогаш до тој миг и неутешно плачев сама во ноќите.

Секој ден се трудам да не мислам на тебе и да продолжам понатаму, но чувствувавам дека нема да успеам во тоа потиснувајќи го своите чувства.

Сакам да ти се извинам за сите лоши зборови кажани на крајот, сакам да знаеш дека ти простувам што се обиде да ме скршиш како личност и сакам никогаш да не заборавиш дека вистински те сакав... А сега морам, сега морам да продолжам понатаму и да го најдам патот во својот живот.

Чувствувам дека никогаш повеќе нема да сакам некого како што те сакав тебе, но знам и дека никогаш нема да ме боли толку силно, како што ме болеше кога бев со тебе. Те оставам сега со најубави желби... биди среќен во животот, остани единствен како што знаеш само ти!

Поздрав,

Твојата, Y




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?