
Суровата вистина прикажана во драмата „Иванов“ од 1887 на Чехов.
Копнеете по нешто необично, постојано се жалите на досадните клишеа, а фразата дека „сите машки се исти“ ја говорите наизуст.
И токму кога Бог ги послуша вашите молитви и ненадејно ви прати маж, толку необичен, толку несекојдневен, што при секој разговор со него го впивате секој негов кажан збор, го задржувате длабоко во себе, а тој е вашата вода во пустина, сфаќате дека не сте вие таа девојка која може да функционира покрај вака неконвенционален тип.
За него
Тој е маж кој го гледате еднаш, а го паметите засекогаш!
Правилата не ги следи, тој создава свои правила или подобро кажано начин на живот, кој не наликува на ниеден друг. Ужива во 2 часот по полноќ во тишината на денски најпосетуваните туристички места, обожава кога е сам и кога може да го чуе шепотот на својот ум, нема животен план да дипломира на 23 години, да се ожени на 28 години и да има 2 деца до 33 години во куќа во Кисела Вода или стан во Аеродром. Ги обожува спонтаните концепти во природата, верува во судбински средби, а не во наменско подарен цвет кој ќе го одведе чекор поблиску до нејзиниот кревет и уште еден оргазам во листата.
Премногу е искрен за ова денешно општество каде најголемите фолиранти го постигнуваат најголемиот успех. Тој е успешен маж, креативен и професионално реализиран и најважно од се има замисла во својот живот, несфатлива за другите, но една и единствена за него.
Но таа припадност на овој ендемски вид на целосно искрен маж не му носи среќа на полето на љубовта. Неговите искрени изјави на моменти се граничат со суровост. Убаво е кога е искрен и кога ви вели дека судбинска била вашата прва средба, а во оваа ненаменска изјава од негова страна вие го пронаоѓате најголемиот романтичар на сите времиња. Но ова издание на Ерос во мало наеднаш и не ви е толку слатко кога ќе чуете дека тој не верува во врски, симулиран брак, обврски да ви каже каде и со кого ја поминал вечерта или подарен цвет за 8-ми Март.
Тој нема да остане верен затоа што така треба, туку затоа што тој така чувствува, нема да се труди да им се допадне на вашите пријатели затоа што е асоцијален тип на кој не му е важно туѓото мислење, тој ужива во тишината како и во вашето друштво изолиран од површноста на денешната младина која е опседната само со цртките покрај креветот и бројот на женските скршени срца.
Овој брилијантен ум не може да ги контролира насоките на темите при секој свој разговор, но во секоја несврзана целина ви нуди богатство на мисли, сфаќања, гледишта кои друг маж не би ви ги преточил ниту во 1001 ноќ хармонично раскажани приказни.
Но зошто тој е несреќен во љубовта, зошто жените како од оган се плашат од него?... Можеби токму затоа што секогаш и гледа на вистината право во очи, секогаш уште на почетокот ги зема предвид сите можни краеви на една љубовна приказна, добри и помалку добри и неисфилувано ги сервира пред вас.
Секоја девојка знае дека врската може да и заврши по само 3 дена, но тоа не сака да го чуе црно на бело, знае дека ако некој и се обврзе на верност, тоа не мора да значи дека тој е верен, но спие помирно во ноќите кога го има чуено тоа, знае дека секогаш таму некаде има некоја поубава од неа и за голем дел од мажите физичкиот изглед може е примарен, но не сака да го слуша тоа секој ден.
И токму затоа овој романтичар по кој треба себично да граба секоја девојка, денес е сам. Тој не се труди да се допадне некому и ја прифаќа својата судбина таква каква што е, достоен на својот лик, достоен на своите верувања.
Но таму некаде сигурно постои некоја хероина доволно храбра, доволно паметна, да го процени овој дијамант кој е избрусен на поинаков начин од сите останати и која до крајот на животот ќе ужива во поинаква светлина на секој нов ден со него.
.gif)






















.gif)























