
Вложил, години и години, труд и домашно воспитување за да ве изведе на правиот пат.
Ако и вие го имате покрај себе овој камен темелник на домот, вие сте среќна девојка! Вашиот татко сигурно е вашата слика за совршен маж, а кога размислувате за идниот сопруг неретко на листата критериуми несвесно ставате голем дел од особините на вашиот татко.
Тој е стабилен филантроп со многу пријатели и мудрост да ви даде совет, во секое време, за секоја ситуација. Ги цени жените и кон нив се однесува како кон прави дами, а пак вие сте неговата миленичка, неговата Ахилова пета за која би сторил се.
Пријателскиот и отворен однос со него може само да ви помогне во животот затоа што никој не ви посакува посветла иднина и посреќни денови отколку вашето семејство. Разговарајте со него за секој проблем што ве мачи, од проблемите на работа до претерано љубоморниот партнер.
Има и такви денови...
Во мигот кога тој ќе успее да ве извади од кожа со некоја иритирачка забелешка, само вдишете длабоко. Сетете се на многуте причини зошто го сакате и подарете му ја заслужената почит. Сетете се дека тој:
- Ви носи топол оброк дома секој ден.
- Ве сака повеќе од себе си.
- Вложил, години и години, труд и домашно воспитување за да ве изведе на правиот пат.
- Многу пати се жртвуваше себе си, за вашето образование и животни потреби.
- Во секој миг би го истепал оној кој ве повредил.
- Секогаш знае да ви даде добар совет.
- Кога имате недостаток на самодоверба знае да ве подигне со комплимент.
- Кога сте нарцисоидни знае да ве спушти на земја.
- Разговара со вас на секоја тема и ви ги открива тајните на животот.
Сакајте го од се срце бидејќи тој, во секој миг без размислување, би ви го дал своето ако е потребно.
.gif)






















.gif)























