
Со него секогаш ви е забавно, без разлика дали сте на кафе на Македонија, на ракија во Стара Чаршија, на пиво во парк или на коктел на Малдивите.
Конечно сте вистинската во својата кожа покрај мажот кој како Бог да ви го прати. Си велите мора да сум сторила нешто добро за да ја заслужам оваа среќа.
Но сигурно сте ја заслужиле, затоа уживајте во неа и сакајте го како првиот ден!
- Со него секогаш ви е забавно, без разлика дали сте на кафе на Македонија, на ракија во Стара Чаршија, на пиво во парк или на коктел на Малдивите.
- Внимателен е и знае да ве ислуша, па и да ви даде совет ако е потребно.
- Знае да се вклопи во секое друштво, позитивен е и ведар.
- Обожавате кога толку нежно ве бакнува.
- Знае да ви приреди незаборавна ноќ, со долга предигра и слатки воздишки.
- Знае да остане сталожен на вашите драми и смиреноста да ви ја пренесе за неколку мигови.
- Комплетно ве познава, знае кога треба да ве остави сами, а кога да праша – што ве мачи.
- Има некоја замисла за својот живот, иако можеби недостижна сепак се стреми кон неа, прави нешто.
- Добар е со вас, но токму онолку колку што треба за да не ви стане досаден или да се претвори во ваш брат.
- Не ве гуши и целосно ви верува.
- Знае дури и да ве повика на натпреварот на неговиот омилен фудбалски тим, на кој ќе оди со другарите.
- Иако не толку често, но од време на време, кога најмалку очекувате ќе ви скине цвет од соседниот двор или пак ќе ви купи од најблиската цвеќара.
- Тој е реализиран човек, а не мамино синче кое седи дома и чека работа да му падне од небо.
- Ве поддржува во вашите планови и верува во вашиот квалитет и успех во животот.
- Чувствувате дека ве сака и уживате кога ќе ви го каже тоа од време на време.
- Уживате во разговорите со него, без разлика колку и да се секојдневни и немаат поента.
- Ве прави среќна.
- Ги има најубавите очи/усни/коса од кои никогаш не можете да се наситите.
- Ве гледа како да сте единствената жена на светот за него.
- Покрај ваш љубовник е и ваш пријател.
.gif)






















.gif)























