
Дури и да сакаат да направат нешто романтично за вас тие се судираат со проблемот на вашата перцепција за романтика.
Постојано ги критикувате вашите партнери за нивната некреативност и недостатокот на романтика во вашите врски. Но дали сте знаеле дека нив ги мачи едно прашање во врска со тоа?
Дури и да сакаат да направат нешто романтично за вас тие се судираат со проблемот на вашата перцепција за романтика.
Искрена исповед:
Игор (29) вели: „Ја однесов девојката во мојот омилен локал во Старата чаршија, местото беше уникатно верував дека ќе и се допадне.
Така и беше, и после час и половина поминати на стариот кревет и фотелја, со тивките звуци на џез музика и пријатното ветре од ширум отворените прозорци, започна да врне. Ете токму тогаш се јави мојата најголема дилема. Не знаев што за неа е романтично?
Да останеме таму и да гледаме отстрана како чаршијата се капи во јунскиот дожд или пак да чекориме по мазните камења, а свежите капки да завршат на нашето лице и тело. Јас сакав да излезам надвор и со часови да шетаме по дождот, но не бев сигурен дали таа ќе биде лута поради расипаната фризура и дали ќе помисли дека сум најголемиот лудак.“
И навистина во овој пример секоја девојка различно би посакала.
Можеби никогаш не сте се ставиле во нивна кожа и не сте помислиле дека и тие имаат свои „мушички“ кои ги мачат.
Вие во ваквите мигови би можеле да им помогнете со дискретно кажување на вашите желби, но не и прегласни барања за романтични гестови кои би имале само негативен ефект. Подобро би било да направите вие нешто романтично за вашиот партнер, ќе уживате во задоволството од предизвиканата насмевка на неговото лице, а можеби на тој начин ќе го поттикнете и тој да ве изненади наредниот пат.
- Изненадете го со билети за натпреварот на неговиот омилен фудбалски тим.
- Изрежете му компилација со неговите омилени песни.
- Поканете го на вечера, но се пригответе сама, не купувајте готова храна.
- Изненадете го облечени во секси долна облека и исполнување на секоја негова сексуална фантазија, мажите сепак имаат различна перцепција за романтика од нас.
.gif)






















.gif)























