siv_podarokШто да му подарам?
Ви се ближи годишнина или пак неговиот роденден и не знаете што да му подарите?
prasalnik1Мажи, научете да зборувате: 18 непознати
Непозната 3:Јас не знам дека ти пречи што толку време им посветувам на пријателките.
talking_in_bedНешта за кои тој сака да го излажете
Дали вам би ви се допаднало да чуете дека не сте толку добра в кревет како бившата?
parovi_na_podiumЗа 100 % успех, освојте го низ смеа
Најпроверена метода за да допрете до некој човек е да успеете да го насмеете. 

Зошто ја бираат гордоста наместо срцето?

vika1

Но маженственоста, решителноста и гордоста негова, кои на почетокот ве занемеа, сега се повеќе водат кон крајна пресуда – смртна казна на вашата врска.

Ве прогонува мислата дека после последната голема кавга, тој нема да се јави, иако тој е виновникот, иако најверојатно сфати дека погреши, иако сте сигурни дека ве сака. На неговата глава невидливи еленски рогови, а неговата гордост го притиска плафонот.

Краткорочен магнет

Но маженственоста, решителноста и гордоста негова, кои на почетокот ве занемеа, сега се повеќе водат кон крајна пресуда – смртна казна на вашата врска.

Истражувањата ја покажуваат магнетската моќ на овие особини кај мажите врз една жена, но што станува кога гледаме долгорочно? Дали неговите рогови се добри за вашето ментално здравје?

Ве мачат дилемите

Зошто ја бираат гордоста наместо срцето? Зошто им е поважно напумпаното машко его отколку нивното нежно срце, кое сигурно чука во ист ритам со вашето?

Додека вие плачете, тој рамнодушно ја анализира и објаснува ситуацијата, кога вас ве води срцето, него го води умот и така до бескрај во две низи на спротивности.

Говори со едноличен тон, а вие од се срце посакувате да забележите барем една единствена солза како блеснува во неговите очи. Но не!

Силно е машкото срце пред вас, но слабо пред коментарите на другарите, пред мислењето на останатите, пред судот нас околината. Затоа неретко бираат да бидат горди рогоносци, тажни сами дома во ноќите, наместо разголени емотивци пред очите на јавноста. Болката зад затворени врати, иако не со драматични сцени како ние жените, сепак ја искажуваат склопчени на својот кревет, размислувајќи за донесените одлуки и носталгично сеќавајќи се на старите добри денови поминати со вас.

Истоштена од кревање бело знаме

Попуштивте еднаш, попуштивте два пати, но годините го направија своето, а вие ја исцедивте сета ваша енергија со константно кревање на белото знаме после секоја заедничка караница.

Потчинета, загрижена, попустлива... доста ви беше од оваа улога. Зар не е време да се чуе и вашиот глас?

Престанете да бидете жртва на неговото напумпано его, и да си ставате кочници на своето вистинско „јас“. Бидете она што сте, а на патот доаѓа човек, доволно зрел, доволно мудар, доволно чувствителен, да знае од време на време да ја признае својата грешка и тој да вложи ронка труд во оваа врска со понекогаш кренато бело знаме или да знае да занеме од болка и каење пред вашите солзи.

Крајно време е да забраните неговите еленски рогови да ја параат вашата душа. Вредна сте за љубов, за прошка, за почит!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?