
Ако двајцата ја имате желбата да го усреќите партнерот логички двајцата ќе бидете задоволни луѓе.
Маж кој за вас ви сторил се, кој би ве носел на раце преку вода или на грб преку врелиот песок на најголемата пустина. Да, тој би ја направил секоја жртва за вас, вие сте една среќна девојка!
Сепак сме понежниот пол
Не сите ја имаат среќата да го почувствуваат ова задоволство, голем дел од девојките паѓаат на градските „мангупи“, останатите се потчинуваат, па не даваат време и простор за ваква нега од машка страна, а зар не сме ние понежниот пол? Оние кои треба да бидат чувани како капка на дланка, кои треба да имаат свој заштитник.
Во име на љубовта
Да се сака, значи да се дарува внимание, почит и грижа. Тој можеби е најголемиот маж од сите мажи, но често пати се фаќа немоќен пред вас, љубовта го прави слаб, а вашата среќа му е цел дури и по цена некогаш да попушти, да направи компромис, да ги начули ушите и широко да ги отвори очите за да го најде вистинскиот рецепт вие да бидете неговата среќна девојка.
И ова не е поим за слабак, ова е поим за заљубен маж кои знае да сака од дното на своето битие.
Цените квалитет
Не знаете дали имате добри предиспозиции за психолог, па знаете да оцените кој маж вреди да се сака, дали сте доминантен карактер кој го наметнува своето влијание или едноставно му давате толку убави и незаборавни мигови со вас, што тој би направил се за да ужива во нив колку што е можно подолго.
Да биде покрај вас за него носи и одредени жртви, како што носи и за вас, нормално. Љубовта е заемна врска на целосно себе давање во нејзино име. Ако двајцата ја имате желбата да го усреќите партнерот логички двајцата ќе бидете задоволни луѓе.
Еруптиран вулкан од потиснати емоции
Неизбалансираната терезија на која едната страна натежнува секогаш за сметка на другата, каде вие сте таа која секогаш безрезервно дава, а многу малку добива за возврат, во вас од ден на ден ќе таложи негативни емоции кои сигурно некогаш ќе еруптираат како безмилосен вулкан, а вие ќе ставите крај на оваа истоштувачка врска.
И ќе се навратиме на еден коментар од наш читател (на текстот - Ех мажите да го ценеа ова: Приказната за жената): Жената е создадена од реброто на мажот, а не од нозете за да биде газена, ниту од главата за да биде надмоќна, туку од страната за да биде еднаква, под раката за да биде заштитена и таму најблиску до срцето, за да биде сакана.
.gif)






















.gif)























