na_vecera_se_smejat_za_nesoПрашања на првиот состанок
Кои прашања треба да очекувате да ви ги постави потенцијалниот партнер?
sovet1Машки совети за врските
Марко:„Кога мажот стигнува дома, дадете му слободни 10 минути пред да почнете да му зборувате.“
flertuva_so_druga_cura_dodeka_e_so_devojka_muМажите откриваат зошто изневеруваат
Неколку машки ни ги открија причините зошто ги изневеруваат своите девојки.
42-15953381Кога врската ја задушува монотонија
Доколку завладее ваква криза, не значи дека неминовно следи „почеток на крајот"...

Магнетизмот на скорпиите

skorpija1

Тој ја научи што е љубов, што е адреналин, што е пожртвуваност, што е секс и оттогаш остави силен печат на нејзиниот живот.

Имаше една девојка со тело како извајано и позитивна енергија како армија од 10 забавувачи. Нејзиниот хороскопски знак и ја даваше нежноста на жената која знае вистински да љуби.

Го привлекуваше вниманието на многу мажи, но таа пак како по автоматизам да паѓаше на шармот на одредена помала група од нив.

Дали навистина има нешто во ѕвездите или се тоа беше сплет на случајности, не знаеме, но знаеме дека секогаш кога беше вистински заљубена таа беше во прегратката на маж со хороскопски знак скорпија.

Првата скорпија

Нејзината прва и најголема љубов беше родена токму во тој знак. Тој ја научи што е љубов, што е адреналин, што е пожртвуваност, што е секс и оттогаш остави силен печат на нејзиниот живот и на нејзината изградба како личност.

Ја направи посилна, ја насочи, ја сакаше, но и ја повреди. Од тој ден, па наваму таа од девојче се претвори во жена. Жена која знаеше да ги поднесе последиците за своите постапки и која научи дека не секој проблем или пропадната врска е вредна да си ги кубеме косите. И така таа скорпија остана засекогаш запишана во нејзиниот животен картон.

Магнетизмот на скорпиите

Помина време и низ ноќни излегувања и спонтани средби таа случајно сретна една симпатија уште од детските денови и искрата се поврати за миг.

Беа кратко заедно, но енергијата беше на завидно ниво, а знаете ли што? И тој беше скорпија во хороскоп.

Поминаа и некои други мажи низ нејзиниот живот, но ниту еден кој и го привлече вниманието доволно. Но во најнеочекуваниот миг се појави еден дечко со костенлива коса, ниту многу убав, ниту посебно шармантен, но таа остана маѓепсана од него. Зацрта дека тој мора да биде нејзин, а неговите усни беа се што посакуваше.

После некое време таа ја постигна целта и тие беа во врска, но кога чу што е тој во хороскоп повеќе не веруваше во случајност, започна да верува дека скорпиите имаат нешто што магично делува врз неа.

Случајност или судбина?

Во ниту една од овие врски или врскички таа не знаеше однапред за хороскопскиот знак на партнерот, тој сам ја влечеше кон нив.

Сега сите тие се на листата на поранешни момчиња, но знаете ли што е најинтересно? Сега во нејзиниот живот се врти еден маж со црна коса, специфичен стил, а единственото кое го поврзува со нејзините поранешни е ниту помалку, ниту повеќе туку токму хороскопскиот знак.

А сега дали има нешто запишано во ѕвездите или се е само една луда случајност останува на вас девојки...




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?