
Не навивајте премногу гласно, не пијте 5 пива и не кажувајте мрсни вицеви.
Бидете девојката која секое момче би ја посакало покрај себе. Врската со вас за него нека претставува задоволство, релаксација и уживање. Верувајте тој ќе го цени ова, а за возврат ќе добиете многу. Ова лето е вистинското време за мали промени.
Дружење до момците
ДА
Гледајте го натпреварот со неговите пријатели. Едно попладне поминато на трибините со неговите другари покажува дека сте дружељубива и кул. Тој ќе го цени вложениот труд за да ги запознаете неговите пријатели.
НЕ
Не навивајте премногу гласно, не пијте 5 пива и не кажувајте мрсни вицеви. Да го појасниме тоа вака: него му е навистина тешко да биде сексуално привлечен од некој кој толку многу наликува на неговите другари.
Давање подароци
ДА
Подарете му на пример два билети за неговиот омилен тим или бенд и ќе добиете големи поени за вашата грижа и креативност.
НЕ
Не му подарувајте џемпер или некое друго парче облека кое би можело да го потсети на неговата мајка. Дури и вие не сакате да ве поистоветува со неа, зарем не?
Оставање работи кај него
ДА
Понекогаш можете да си ја „заборавите“ огрлицата кај него. Ова мало парче накит ќе го потсетува на вас секој пат кога ќе го види.
НЕ
Не оставајте четкичка за заби во неговиот тоалет. Тоа ќе му остави впечаток дека се се движи премногу брзо и може да го исплаши.
Праќање на СМС
ДА
Можете да му пратите кратка и провокативна порака како „Вчера беше прекрасно. Да повториме вечерва?“ Ова сигурно ќе го остави заинтригиран.
НЕ
Не му праќајте порака која е подолга од 2 реченици. За него СМС е начин на брза комуникација. Праќањето на цели СМС сценарија е исто како здодевен телефонски повик.
Носење на долна облека
ДА
Носете градник од тантела кој ќе одговара со вашите гаќички. Нека бидат во бела или во пастелни бои како лаванда или нежно розово и дадете му малку да ѕирне што се крие зад вашиот женствен и невин изглед.
НЕ
Не носете долна облека која нема да може да ја соблече од вас. Премногу врвци, токи и слично се жешки, но тој ќе биде премногу зафатен размислувајќи како да ги симне од вас и нема да забележи колку прекрасно изгледате.
Не доживеавте оргазам
ДА
Дадете му на знаење дека сепак уживавте. Убав бакнеж по завршувањето на партијата ќе му покаже дека, иако не ја достигнавте крајната цел, вие сепак уживавте. Следниот пат водете ја неговата рака, тој ќе ја цени помошта.
НЕ
Немој да глумите оргазам затоа што тој ќе мисли дека чинот бил задоволителен и нема да научи што е потребно за вие навистина да уживате, а тоа би била сериозна трагедија.
.gif)






















.gif)























