
Не ви е потребна вреќа свеќи, шампањ „Moet“ и хотелска соба за да му приготвите романтично изненадување на вашиот партнер.
Како по автоматизам од нив се жалиме на недостиг на внимание и романтика, но што сме сториле ние во врска со тоа?
Концентрирајќи се на поплаките забораваме дека на врската треба да работиме и ние. Можеби токму давањето на пример е она што му е потребно за поттик на вашето момче. Дури и да не реагира така вие самите ќе се чувствувате убаво кога ќе си докажете дека сте жена која знае да сака, да почитува и да изненади. Започнете да се однесувате како добра девојка.
Станете романтична!
Не ви е потребна вреќа свеќи, шампањ „Moet“ и хотелска соба за да му приготвите романтично изненадување на вашиот партнер. Идејата е добра доколку сте во можност да ја реализирате, но во спротивно се што ви е потребно е вашиот празен дом, вие и тој.
За него ќе биде повеќе од доволно ако му дозволите 15 минути да го изгледа крајот од фудбалскиот натпревар, го оставите да отспие половина час после секс партијата, а вие за тоа време му подготвите шпагети, за кои и кечапот ќе му биде најсладок сос, кога ќе го чекаат топли после слаткиот сон.
Мажите се едноставни, па така ваквите гестови на внимание во вашето секојдневие ќе бидат сосема доволни за да се чувствува почитуван и сакан.
Дарете му внимание!
Летните дискотеки во паркот полека се враќаат во форма, после јулскиот пустош, вие сте излезени со своите 3 најблиски пријателки, а тој спие дома бидејќи утре има неодложни работни обврски. Иако вашето момче не е љубоморно по природа, не ви се јавува кога излегувате, ниту ви врши притисок вие да го сторите тоа, баш би било слатко и внимателно од ваша страна ако околу полноќ му пишете порака во која ќе има само еден бакнеж или некоја кратка содржина.
Тој дури и да е во лесен сон, ќе се изненади од вниманието и ќе ви врати на пораката. Следниот пат и без да му кажете ќе се сети на некој сличен внимателен гест.
Побарајте помош од него!
Дури и истражувањата покажуваат дека мажите не сакаат претерано самоуверени девојки кои во секоја ситуација се чувствуваат способни да се справат со се. Затоа во моменти на слабост јавете му се за поддршка.
Исплачете се пред него ако го изгубивте работното место или се скаравте со вашите родители. Вам ќе ви олесни што со некој си ги споделивте маките, а тој ќе се чувствува добро затоа што бил тука за вас.
Мажите сакаат да бидат заштитници, затоа дозволете му на миг да се почувствува како таков и да знае дека покрај себе има нежна жена, а не бесчувствителна кукла.
Верувајте во бајки!
Отворено говорете пред него за се за што сонувате. За куќарката со простран двор или за вашиот заеднички живот во Америка или за детето со очи како неговите.
Нормално ова нема да го сторите на почетокот од врската, но потоа кога чувствата ќе бидат веќе јасни дозволено е да сонувате со отворени очи пред него. На тој начин тој ќе знае дека е доволно вреден за вас и дека можете да си замислите заедничка иднина со него.
Вашиот партнер иако не говори за десетгодишни планови сигурно ве гледа како жената со која би можел да го помине животот, ако е покрај вас веќе подолго време и се труди со ист интензитет како на почетокот. Охрабрете го!
.gif)






















.gif)























