
Најмалку очекувавте пријателката да ви раскаже еден поинаков тек на неговото минато и не така скромната бројка на жени во него.
Пред некој ден се сретнавте со пријателката од средно која по игра на случајности е сосетка на момчето со кое почнавте да излегувате од неодамна.
Ја откривте статистиката на неговите поранешни партнерки
Со него се уште не ја допревте темата за минатото. Претпоставувате дека пред вас имал неколку врски и многу повеќе авантури за една ноќ, но во мигот почна да ве измачува прашањето за трагата од минатото во неговата душа.
Најмалку очекувавте пријателката да ви раскаже еден поинаков тек на неговото минато и не така скромната бројка на жени во него. Случајната средба со неа, и нејзиното незнаење за вашиот емотивен статус беа пресудни – сите детали од неговиот љубовен живот беа изнесени пред вас.
Велат колку помалку знаеме, толку помалку ќе страдаме! Се прашувате дали полесно ќе ја прифатевте вистината кажана од неговите усни.
Вљубеноста ве занесе да помислите дека е само ваш, но исто како и вие, така и тој некогаш бил нечиј, и сето тоа можеби оставило траги на сегашноста.Тоа е единствениот начин да спречите минатото да ви ја јаде врската?
Неговото минато – ваш терор
Ако непрестајно ве мачи помислата за енормно големата цифра на неговите екс – партнерки, како што кажа вашата пријателка и неговата евентуална зависност од нив, време е да започнете искрен и отворен разговор.
Судете по разговорот
Не верувајте на сите слушнати коментари за деталите од неговите претходни врски. Воопшто не е битно дали неговата поранешна девојка била и е поубава од вас, каде се појавувале заедно и колку често си разменувале нежности. Вам ви се битни последиците од неговите поранешни емоции, а не впечатокот на околината за љубовните случувања пред вас.Судејќи по разговорот ќе дознаете дали е заинтересиран за вас или го мачат старите спомени.
Наведете го да ги објасни сите чувства кон поранешните девојки и така ќе сфатите дали во моментот сте му најбитна или само се обидува да си ги залечи раните и фрустрациите.
Прифатете го предизвикот да живеете овде и сега, во мигот кога од момче во кое се вљубувате се претвора во ваш единствен. Тој е со вас затоа што сте му најважна.
И по отворениот разговор ќе сфатите дека и за оваа дилема на вашето срце и разум има решение. Оставете простор да ја стекне вашата доверба, учејќи се каде да повлечете црвена линија и до каде ќе оди неговата вашата несигурност за неговото минатото.
Не дозволувајте сенката од неговото богато минато да падне врз убавината на вашата врска.
.gif)






















.gif)























