
. Уживате во начинот на кој тој ја гледа, како детално ги организира сите заеднички активности и во секое време знае да и се најде во пресрет.
Постои, не постои, луди женски бубачки, нереални желби или напумпани соништа се во одбрана на машкиот пол, кој во последно време ниту внимателен, ниту романтичен, ниту искрен во целост.
Баравте докази онаму каде што немаше, па дури се потпревете и на научните тези дека машкиот и женскиот мозок функционираат на целосно различни начини и полека наоѓавте утеха уверувајќи се во нереалноста на вашиот романтичарски сон.
Романтичарски сон
И тогаш кога огнот на вашата потрага по принц од таков вид го осудивте на смрт, нешто и некој го разгори преостанатото жарче дури и посилно од претходно.
Пред вас блесна пар, на кој наидовте сосема случајно, сосема спонтано, но остана незаборавен токму поради тоа што посилната половина од оваа заедница беше се за што мечтаевте.
Далеку од тоа дека се заљубивте во него, тоа знаевте дека по автоматизам ви е забрането, но како дете на лижавче се радувавте кога го гледавте, затоа што секоја негова наредна постапка со која ја издигнуваше неговата „лејди“ сведочеше за реалноста на вашиот романтичарски сон. Пред вас беше доказот дека кавалери сепак чекорат на оваа земја и иако на моменти разочарани што немате таков сега до вас, знаевте дека под нечии нозе ќе крцнат камчињата кои водат до вас.
Реинкарнирана надеж
Но додека надежта си крчка во вашиот ум, вам срцето ви се исполнува со топлина иако сте само случаен набљудувач на оваа слатка драма. Уживате во начинот на кој тој ја гледа, како детално ги организира сите заеднички активности и во секое време знае да се најде во пресрет на секој нејзин проблем.
Маж во вистинска смисла на зборот со гордост и достоинство, кој знае да пресече кога е потребно, но од друга страна и знае да ја чува неа како капка на дланка. Таа е навистина несовршена, но е неговата најдобра! Можеби љубовта ја дава оваа убавина, можеби тој е тип на човек кој знае да даде се од себе, но секој негов потег ја мами вашата насмевка.
Беспрекорно љубовно досие
Во текот на секој нареден ден баравте црна точка во неговото беспрекорно љубовно досие, но на ништо немаше дамка, ниту на неговата верност, ниту на неговите мотиви поради кои е со оваа девојка. Се така чисто и невино ве врати на мечтите од детството и повторно започнавте да верувате во, одамна, од разочараност загушените соништа.
Време е да поверувате дека има вакви мажи, но можеби вашиот грев е што не им давате прилика токму ним. Можеби во толпата во диското не сјаат како најдобро избрусени дијаманти, но можеби токму во нив се крие најголемото богатство.
.gif)






















.gif)























