
Наместо со кодови, мислењето искажете му го со јасни зборови.
Не е прв пат да слушнете дека мажите и жените се од различни планети. Зарем не ви се чини дека некои моменти од вашиот однос со партнерот толку веродостојно ја отсликуваат оваа теза?
Зарем не беше таква минатата вечер кога вие, турнати од желбата за комуникација го прашувавте за се и сешто, а неговите одговори се сведуваа на „Да“ и „Не“? Вие и натаму се обидувате да ги диктирате и контролирате неговите мисли и чувства?
Внимавајте да не претерате, па да се најдете отфрлени или оставени!
Кои нешта треба да ги знаете и што е поважно, да ги применувате во вашиот однос со партнерот? И најважното е дека вечната спротивставеност меѓу машкиот и женскиот род воопшто не е застрашувачка, бидејќи од неа до слаткото пријателство постои само еден чекор.
Затоа, ѕирнете малку подлабоко во неговата психа и откријте што можете и смеете да контролирате, а што не!
Не истражувајте ги неговите мисли
Нема смисла, а уште помалку логика постојано да го опрашувате на што мисли. Обидете се да не истражувате внатре во неговите мисли, затоа што нема да наидете на нешто посебно.
Факт е дека 96, 6 % од мажите поголем дел од времето мислат на секс. Немојте да помислите дека се манијаци, едноставно тие се ненаситни за секс.
Жените го поставуваат ова прашање за да ги контролираат мислите на мажот или недостатокот на самодоверба ги тера да дознаат, не дај Боже да мислите нешто погрешно за нив.
Прашањето за тоа на што мисли тој во моментот може да биде последица на вашата помислата дека сте непосакувани или искористени, исто така често пати се случува жените ги интерпретираат машките постапки не во своја полза, а им е потребно гласно искажано мислење за да ги убедат во спротивното.
Побарајте помош
Доколку ви е потреба помош од мажот побарајте да ви помогне, но не и да сочувствува со вас како што тоа го прават за вас пријателките. Доколку мажот не е вљубен во вас, не можете да сметате на неговото сочувство. За искрен и отворен разговор секогаш тука ќе биде вашата пријателка. А на мажите им останува да размислат дали за важните нешта во животот на партнерките секогаш ќе дознаваат дури следни, а многу често и последни.
Бидете јасни
Во машкиот свет нема доволно простор за надеж дека умеат да читаат меѓу редови. Доколку сакате да му ја пренесете поентата на вашиот став, желба или однесување ќе мора, наместо со кодови, тоа да му го овозможите со јасни и гласни зборови. Камуфлираните постапки или гестови не поминуваат кај мажите. Истовремено не прашувајте го како му е со вас. Едноставно да не му било убаво, досега немало да биде со вас. Зошто да е сложено, кога може едноставно!
Не прашувајте го за вашата дебелина
На прашањето за тоа како визуелно изгледа вашата дебелина покомпетентно ќе одговори најблиската пријателка. Најпрвин, на вашиот партнер воопшто не му пречат 300 – те грама вишок што ги накачивте минатата недела, затоа прашањето повеќе ќе го сфати како изнудување на комплимент.
Тој разликува само 16 бои
Праската за нив е вид на овошје а не нијанса на портокалово
Бидете спокојни бидејќи не можете против минималните способности со кои го надарила природата. Обидете се да му ги појасните кодовите на вашето однесување и бидете му омиленото друштво!
.gif)






















.gif)























