
Бидете негова најдобра, пред се во прогнозите кога да бидете нежна и фина, а кога дива и страсна.
Ако сте мила и фина постои можност набрзина да се засити од вас, ако сте „луда“ може ќе се исплаши од вашите адреналински желби.
Навистина е тешко да одлучите дали ќе му здодеете со своето пасивно или ќе го исплашите со своето премногу диво однесување. Сигурно и вам ви светна генијалната идеја да бидете микс од овие две однесувања. Да, тоа би било идеално решение.
Овие две жени всушност постојат во вас, едната нуди нежност, а другата живот во побрза димензија и сето тоа со силни емоции. Доколку го имате овој почетен потенцијал, тогаш сте на вистински пат да го излудите.
Разбудете ја моќта на вашата женственост и направите микс од овие две жени. Дури тогаш ќе си докажете дека за класичниот синдром на недостаток на љубов и внимание нема простор во вашиот свет.
Мајчинска грижа
Не малтретирајте се со мислите од типот со што заслужил за да му готвите или да му ги средувате алиштата!
Покажете го сопственото внимание низ призмата на мајчинската грижа која нему секогаш му била добредојдена и посебно драга.
Понекогаш е доволно да го прашате дали појадувал или кое јадење да му го зготвите. Пеглањето на неговата кошула ќе ви одземе само 5 минути, а неговата не неспособност за домашните обврски многу лесно може да се претвори во главна причина за расправии неколку денови.
„Маминото синче“ и покрај неговите 30 години копнее за мајчинската грижа, па, не ретко, таа е најважната жена во неговиот живот. Наместо очајно да се борите за нејзиното место, преземете дел од нејзините некогашни обврски. Нему ќе му годи мајчинската грижа, а вам веројатно почесниот третман во неговото срце.
Не залудно велат, се држел за фустанот на мајка му, време е сега за вашиот!
Задоволство во кревет
Ова е нешто кое партнерот нема никогаш да го одбие и нема да се случи да не го оцени вашиот труд.
Задоволството ќе биде негов најголем мотив за да не тргнува накај спалната без да ве одвлечка со него. Затоа, не срамете се да ги откриете своите желби и фантазии бидејќи само така се гради силна интимна врска. Бидете му идеална партнерка кога станува збор за сексот како важен сегмент од неговиот машки свет.
Ѓаволско слатка - негова
Нека се засладува со вас секој ден, но истовремено нека знае дека за приоритетите во живото ѓаволски се борите.
Бидете негова најдобра, пред се во прогнозите кога да бидете нежна и фина, а кога дива и страсна. Играјте игра со вашите повеќе лица затоа што вие сте сестрана жена која, само за саканиот, може да изгледа подеднакво атрактивно и во секси долна облека и во стари тренерки кога дома реновирате. Вреди да се обидете да бидете неговиот отров во слатко пакување!
.gif)






















.gif)























