se_brici_na_nozeЖенски навики што го нервираат машкото
Кои модни навики на жените, мажите не ги поднесуваат?
in_bed_44 работи што тој не смее да ги слушне
Понекогаш, корисно е да го залепите јазикот за заби...
kavalerТешкотиите на современиот кавалер
Еден „log in“ ги дели мажите од илјадници жени, третина од нив веќе и дополу соблечени.
crtka2Време е да му ги покажете чувствата!
Побарајте помош од него и во моментите на слабост јавете му се за поддршка.

Ах, тие негови фалби!

mazigolfalbi

Ги освојува жените со фактот дека е самопрогласена позната фаца во градот.

Вчера се најдовте во друштво каде вашата способност за културна комуникација со машките соговорници наиде на непредвидена бариера.

Токму тогаш кога си ветивте дека ќе бидете глуви за нивните површински коментари упатени за женскиот род и уште помалку за нивните неосновани фалби, во вашето друштво се најде претставник токму на таа класа, кој за сметка на женскиот род ја нагласуваше својата лажна машкост.

Можеби е рано да се дрзнете да судите за неговиот, од километри виден,  мангупски карактер, но самата ситуација ве наведе да таа постапка.

Неговиот нарцисоиден монолог

Се најдовте на иста маса токму со тој - најспособниот, најшармантниот, и се останато во суперлатив. И тука почна неговиот нарцисоиден монолог, а вие останавте фрапирани од количеството на изнесени фалби.

Зарем некој го праша за колку троши кога излегува или за ВИП третманот низ локалите во градот? За неговиот најнов модел на автомобил, односно неговата „јака кола која троши премногу“?

Тука некаде е и муабетот, онака низ разговор, за недвижнините кои ги поседува. Дали тој, со своите 23 години и ни ден работно искуство или неговите родители? Уште едно мамино и татино синче кое не пропушта прилика да се пофали со својот животен стил.

Сите жени во неговиот живот

Следна точка на раскажување се сите жени во неговиот живот. Слободното време е одлучувачки фактор за да се досадува и ја користи секоја прилика да заведе што е можно повеќе жени кои со задоволство ги чести и со уште поголемо задоволство ги носи во кревет.

И додека вие го игнориравте неговиот разговор, не можевте да поминете и преку следната фаза од разговорот.

Следуваа сите сочни детали од сите негови авантури со жените, се разбира, со посебен акцент на неговите мангупски квалитети.

Нему секогаш му успевало да ги заведе, да ги излаже, да ги искористи и на крај тие да бидат луди по него. Ова беше премногу!

Дали планетата се врти околу него?

Знаете многу добро дека доволни се само две реченици кои ќе го спуштат од височините во кои се вивнал овој мачо мен и да го вратат од филмот кој, колку и да е актуелен, е од најдосаден жанр.

Свесни сте дека постои ризик, тој со својата скромна интелигенција и површински сфаќања за својот апсолутно „исполнет“ живот да не ја сфати поентата на вашиот коментар, но ќе ризикувате.

Очајната страна на шовинизмот

Кое е задоволството да ги освојува жените со фактот дека е самопрогласена позната фаца во градот со нешто повеќе пари од останатите?

Ако жените му служат за самодокажување, а згора на тоа се дрзнува да раскажува детали обојувајќи ги со својата бујна и болна фантазија, тогаш за ваквите губитници треба да постои најстрашна игноранција.

Додека тој остана со подотворена уста кога овие зборови излетаа од вашата уста, вие останавте свои како и секогаш, кажувајќи ја вистината на реален начин. Зарем тоа не беше вашиот придонес за мисијата против машкиот шовинизам чија тенденција на ширење е подржана токму од ваквите типови?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?