poziraat_za_slikaШто сакаме да чуеме од нив?
 Кои реченици едноставно сакаме партнерот да ни ги каже?
ne_einteresenМе сака ли се уште?
По кои знаци може да забележите дека повеќе не е заинтересиран за вас?
samo_sto_ne_se_baknaleПравете се дека не знаете!
Кои работи мажите не сакаат да го знаете за нивниот пол?
confused_menМоето момче како да паднало од Марс!
Се трудите да му објасните, барате зборови да сфати полесно, а тој како изгубен во просторот!

Вашиот празник на осаменост или нов ден без него?

_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Тој ве остави за да ве најде некој друг, подобар од него!

Едно име и илјада датуми во вашиот љубовен календар. И во среќа и во болка, го носите името на вашиот единствен како тетоважа на срцето. И на сон и на јаве, се навраќате на спомените од заедничките датуми.

Успеавте да ја заштитите тетоважата на срцето од сите надворешни влијанија само да не избледее неговото име во вашето срце.

И додека за вас денот кога тој си замина е повод да прославите со празна соба и меланхолија, тој, таму некаде со друга до себе, ги живее новите датуми и ги слави вистинските љубовни моменти.

    Како да го преболите кога:
  • Денот кога се запознавте е прогласен за роденден на најголемата ваша љубов.
  • Денот кога се разделивте е прогласен за ваш празник на осаменост.
  • Датумот на неговиот роденден е ваше воскреснување на минатото.

Време е да престанете да размислувате што ќе се случеше да не беше оваа, за вас, сурова реалност. Време е да ги избришете овие датуми од календарот на вашата меморија. И тоа засекогаш!

    Време е да сфатите дека тој не ве заслужува затоа што:

Чекавте премногу долго да ве побара и тоа не се случи.

Сите луѓе и постапки сведочат дека тој се буди покрај друга.

Со секој спомен за него тонете се подлабоко кон дното.

За момент застанете и, колку и да ви изгледа тивок, чујте го внатрешниот глас кој ви ветува дека ве чека нешто подобро. Само треба да ги избришете сите стари случувања од вашиот љубовен календар, за да на истото место почнете да ги испишувате новите датуми на вашата среќа.

    Бидете среќна бидејќи:
  • Тој ве остави за да ве најде некој друг, подобар од него.
  • Таа љубов не успеа за да ја побарате наредната, која ќе ве усреќи.
  • Таа сила за да го преболите се роди за да ви потврди дека сте силна и покрај тоа што останавте сама.
  • Тој нема право да праша како ви е, а вие можете да бидете среќна и со друг само треба да се обидете!

    И нечие друго име можете да истетовирате на срцето, само треба да си дадете можност себе си и на тој кој копнее да биде ваш единствен!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?