
Пријатно не ве изненадил, не се сеќавате од кога, за разлика од непријатностите што ви ги сервира секој ден.
На почетокот ве залажа дека е љубов, а сега истото тоа ви ги покажува забите заканувајќи се дека ќе ја голтне целата ваша личност.
Некогаш одамна уживавте во неговото внимание, а денес се што знаете е да се заситите од трошките љубов кои ви ги фрла тој. Изгубените години ве потсетуваат дека каењето не е решение, но може да бидат мотив да пресечете онаму каде што не оди повеќе. Поминавте повеќе кризи, а неговото незаинтересирано однесување како да ви стана де жа ву! Дали врската ви е пред крај?
Крајот одамна го насетивте, а илузијата ве залажуваше доволно долго. Дали вашето „Да, за крај“ како да се одложува со секој нареден ден?
-
Вистинско време е да го ослободите местото до себе за некој кој тоа го заслужува и цени, а не за момчето кое:
- Има време за се и секој, но не и за вас. Зошто секогаш да го имате последното место на списокот на неговите планови, а да му бидете прва поддршка за се во животот?
- Пријатно не ве изненадил, не се сеќавате од кога, за разлика од непријатностите што ви ги сервира секој ден. А вие сте таа која брза да го вади од кашите во кои се замешал!
- Се интересира за автомобилот на момчето на вашата колешка и за ред други банални работи, но не и за вас и вашето секојдневие. „Како си?“ не постои во неговиот речник!
- Неговите најблиски и пријатели се нормални, а за вашите важи спротивното. Не може да пронајде соодветен начин на комуникација со луѓето кои ви значат, а неговата дрскост во тој поглед оди во недоглед.
Прекинете ја саботажата која ја извршувате врз самите себе си. Со сила убавина не бидува, уште помалку љубов, а изнудената љубов, ни приближно, не е слатка како вистинските спонтани емоции. Анализата на неговиот карактер и борбата за трошка љубов ве доведоа до илјада причини за крај.
Доволно долго црпевте инспирација во љубовта за да бидете дел од неговиот воспитен процес и повеќе од доволно ја инвестиравте својата надеж за да го сочувате она што вие е заедничко. Но,сега како да сфаќате дека немате ништо заедничко. Тој ве имаше вас, но незнаеше да ве зачува, а вие го чувавте она што дефинитивно не било ваше, затоа што заслужувате многу подобро. Верувајте дека можете да бидете и сами, но среќни!
.gif)






















.gif)























