
. Позитивни или негативни, сепак ги сакаме тие мали и слатки, многу често чудни однесувања на мажите од балканското поднебје, а и како да не кога „Made in Macedonia“ е најдобро.
Најпрвин маалски фраери, потоа локални мафијаши, а всушност размазени синчиња кои од мама не се делат ни по 30 –тата. Балканскиот менталитет и мажите од овие простори се приказна сами за себе за која најмногу одговара епитетот траги – комична.
NotFormen препорака: Момчиња кои сигурно сте ги имале - Топ 7
-
Секоја чест на исклучоците кои не може да се пронајдат во поголемиот дел од овие факти, а за оние останатите генералната слика за секојдневните навики и освојувачки потези, низ факти, би изгледала вака:
- Тој смета дека неговиот збор треба да е последен, како последица на некогашното„Да се знае кој е домаќин во куќата“.
- Тој, насамо ќе ви ги симне сите ѕвезди од небото и ќе посегне по месечината, а пред другарите ќе се обиде да ве прати по пиво.
- Тој слушнал за италијанска или кинеска кујна, но само како поими, а за скара и шопска не му треба посебен повод.
- Тој се восхитува на убавите, модерни и еманципирани дами на улица, но за жена ќе земе некоја која ќе знае да му готви, покорно ќе го слуша и да не е заинтересирана за далечинскиот управувач.
- Тој со години ќе брка тетки и стриковци и ќе чека врски за вработување затоа што тоа му е посигурно отколку образованието или самостојно да се потруди.
- Тој ќе ви ја отвори вратата од автомобилот само доколку автомобилот му е нов или вие сте нова во неговиот живот.
- Романтичните гестови за него се недостаток на машкост или обично „лигавење“ за кое нема време.
- Поважни му се случувањата од соседството отколку здодевните разговори за космополитски теми. Тука се надоврзуваат и препукувањата за политика, во маало, без никакви аргументи.
- Не може да ве ислуша за проблемите под изговор дека тој не ниту доктор, ниту Бог за да ви помогне.
- Не веруваат во машко –женски пријателства затоа што секогаш се провлекува некоја „задна“ намера.
- Може да направи тепачка на сред дискотека затоа што некој ја погледнал негова девојка или едноставно типот не му е симпатичен.
- Мора да има тетоважа и редовно да посетува теретана за да биде во најновиот тренд.
- Машки спонзоруши на повидок - или немаат ништо против девојката да ги почести, но под услов да не се заинтересирани за неа. Во спротивно тој ќе плати, па макар и со парите од родителите.
- Кога би можел и на работа во канцеларија би се појавувал во омилените тренерки. Кошулите, фармерките и козметиката за мажи се неговите најголеми непријатели. И тука некаде ќе застанеме, а на вас ќе ви препуштиме да ја дополните листата на стандардните балкански манири. Позитивни или негативни, сепак ги сакаме тие мали и слатки, многу често чудни однесувања на мажите од балканското поднебје, а и како да не кога „Made in Macedonia“ е најдобро.
.gif)






















.gif)























