
Со новите генерации и уште поновите трендови за се, па дури и за љубовта, понекогаш се чини дека довербата е најскапото нешто, а љубовта никогаш не била понемоќна.
Залудни се сите обиди да се излажете себе си дека сте среќни ако сте имуни на сите манифестации на љубовта! Но, овие обиди за лажна љубов како да се асимилираат како основни принципи на 21. век.
Со новите генерации и уште поновите трендови за се, па дури и за љубовта, понекогаш се чини дека довербата е најскапото нешто, а љубовта никогаш не била понемоќна.
Сплотени во мизерна љубов
Нејзината универзална моќ се губи таму некаде каде што шанкерот ја точи петтата пијачка во најлудата дискотека, а девојката се труди да го пронајде оној кој е расположен да ја однесе до дома со својот скап автомобил. Ништо подобро не е ниту тој – самопрогласен мачо мен кој ја бара онаа со малку побогато деколте за да не му пропадне залудно вечерта.
Таквите, како по правло се сродни души за привремено лечење на комплексите! Ништо повеќе од тоа! Лажен сјај на уживањето во темнината, ако воопшто може да е нарече уживање, ништо помалку од мизерија со длабоки последици.
NotForMen препорака: Стоп за мазохизмот: Време е за вистинска љубов
Каде е вербата во љубовта и нејзината моќ?
Кога стана толку тешко да верувате дека таму некаде, а еден ден и до вас ќе се смее оној вистинскиот, оној за кој ќе кажете вреди да се борите затоа што го љубите?
Кога стана толку модерно да криете дека верувате во љубов, доверба, врска, заедничка иднина?
И додека девојчињата од средно со гордост ја кажуваат двоцифрената бројка на момчиња во нивната рана младост, сместени во категоријата поуларно наречена мувачи, повозрасните дами се соочуваат со реалноста во која некогашните вредности за машко-женското додворување и освојување станаа само историски факт. Токму затоа што, еден дел од жените поставуваат поинакви критериуми за љубовта како основа на секоја врска.
Криејќи се зад лажната самоувереност и скромната потреба од лажна љубов, за некои жени задоволство е дури и двочасовното дружење со момче на кое едвај му го знаат името. А и што е толку битно кога знаат на која банка му е кредитната картичка и на кои од луксузните локали во градот е чест гостин. А тој со секоја следна девојка го билда своето его.
Затоа што љубите!
Можеби затоа што никогаш не дозволиле да ја почувствуваат топлината на искрените чувства, можеби поради личните или туѓите лоши искуства го негуваат култот кон лажната среќа и материјалниот сјај како нешто свето. Тогаш кога ќе ја дознаете причината на сите добри дела на светот и вистинската неописливо убава вистина, тогаш ќе бидете сигурни дека е тоа така затоа што љубите, вистински, искрено, неизмерно...и така продолжете!
.gif)






















.gif)























