
Многу убави нешта минуваат покрај вас, а вие како да не сакате да ги отворите очите, а уште помалку срцето за нив.
Бевте за него вистинската, но не и единствена. Често од околината можевте да слушнете срната се заљуби, а вие како да живеевте во некој друг свет обоен во боите на неговата лажна љубов кој со сета сила се урна врз вас.
Сама меѓу рушевините на она што некогаш го нарекувавте мотив за живеење се борите со спомените од него, тој кој некогаш беше вашиот вистински. Да, вие сте борец уморен од борбата со минатото кое е непоканет гостин на вашето секојдневие!
После него...
Сите велат ќе помине, но никој не знае како ви е. После него не еднаш сте се обиделе да почнете од почеток, од моментот кога се кренавте на колена за да продолжите понатаму како да вчера не ни било никогаш. Но, после него, ниту еднаш тоа не ви успеа!
Неколкумина се обидоа да ви ја згреат постелата, но не и срцето, ви ја подадоа страста, но не и раката за спас.
NotForMen препорака: Илјада причини за крај
Во трка со спомените
Вашите спомени и она што го имавте со него, се чини, како да се од непропустлив материјал. По толку години, не пропуштија ни траг светлина за да избледеат во вашето срце.
Како некој да се заканува за нивното убиство па толку грижливо ги чувате и толку силно ги притискате на градите што се останато во вашиот живот не е важно.
Многу убави нешта минуваат покрај вас, а вие како да не сакате да ги отворите очите, а уште помалку срцето за нив.
На моменти помислувате дека спомените се ваш најголем непријател, но никако да им го скратите просторот на живеење во вашата меморија. До кога со мислите ќе бидете таму некаде?
Неговото име во вашите спомени
„И тогаш некоја будала, ќе го спомне твојто име ко на шала...“, а вам ќе ви биде доволно да помислите на моментите на среќа кои некогаш ги имавте заедно.
Си мислите тоа беа последните среќни моменти во вашиот живот, бидејќи оттогаш како да се затворивте во школка до која не допираат искрите на љубовта и повторната верба во она што е вистинско, наместо спомените за лажното со него.
Љубовта заслужува втора шанса!
Спомените можат се-да ве вивнат до небото или да ве турнат на дното каде што се најдовте вие, затоа што дозволивте да ве претекнат во трката за среќа.
Поради нивното постојано присуство немавте сила да се обидете пак да бидете своја на своето, ниту верба дека повторно ќе можете да имате љубов и внимание онолку колку што заслужувате.
Верувајте дека можете, но само со оној кој нема да дозволи да биде само спомен од минатото, туку ќе биде покрај вас заедно да ја градите љубовта на кои со задоволство ќе се сеќавате во староста! Поверувајте и ќе можете!
.gif)






















.gif)























