
Се чини како да убавите моменти скапо ги платив, но затаоа можам да се пофалам со богато животно искуство дури и на 25 години и прекрасен четиригодишен син.
Никој не веруваше дека Наталија, девојка која зрачеше со интелигенција и убавина, ќе побрза да скокне во брачните води уште на 21 година. Најверојатно љубовта кон Владимир , момчето со не баш сјајна репутација во градот, беше пресудна да одлучи да го роди детето што го носеше од него. Но текот на настаните во нејзиниот живот не се одвиваа во посакуваниот тек. Тој не се смени како што очекуваше таа. Приказната за неуспешниот брак и потрагата по скршената суета на 22 години ја пренесува рускиот магазин WomanJournal.
По соопштувањето на веста за нејзината бременост, нејзиното момче беше збунето и без ни трошка идеја за нивниот натамошен живот. Изостана брачната понуда, а тој забораваше на одговорноста дека треба да се подготви за семејниот живот и улогата на сопруг и татко.
Минуваа недели и месеци, а Наталија и натаму очекуваше дека некои нешта ќе се променат. Веруваше дека детето кое го носи во утробата ќе биде доволен мотив за тој да ги промени своите животни навики.
Владимир беше криминалец. Полесно и поисплатливо за него беше да краде во другиот реон од градот наместо да поминува по осум часа на работа. И не еднаш беше приведуван од полицијата, а таа секогаш му плаќаше кауција за ослободување.
„Тој се бранеше дека не може да најде соодветна работа и покрај неговите секојдневни залагања за таа цел, а по секоја откриена кражба велеше дека го наместиле другарите затоа што е премногу добар и наивен. Како хипнотизирана потпаѓав под сите негови лажни изговори обидувајќи се да му помогнам финансиски. “ – вели Наталија.
NotForMen препорака:Зависноста од покер кобна за бракот
Зошто добрите девојки секогаш завршуваат со лоши момци? Никој не можеше да ја прифати нејзината судбина, бидејќи ја сметаа за убава, интелигентна, вредна и културна девојка, со некој кој е тoтална спротивност од сето тоа. Почнувајки од родителите, па се до пријателите, сите со тага ја прифтија оваа љубовна историја.
„Кога влегов во осмиот месец од бременоста, требаше ја го официјализиаме својот однос во брак. Денот кој требаше да биде најсреќен за мене се претвори во вистински пекол. Како на кожата да ги чувствував погледите од страна кои во себе носеа преголема доза на разочарување и сожалување.“ раскажува Наталија. „Како малечка го замислував тој ден како посебен, но реалноста и мојот погрешен избор како да ги урнаа сите мои детски мечти.Колку и да сакав да заборавам на се и да верувам дека тој ќе се промени во име на татковската љубов, некој внатрешен глас ме спречуваше да бидам оптимист до крај. “
Пред само половина месец таа ја плати последната казна за кривичното дело кражба во кое учествуваше Владимир кој веќе е нејзин законски сопруг. Се прашуваше што следно да очекува? Така и се случи.
Наредниот месец го поминаваа во еден изолиран дел од градот во стара и празна куќарка каде еднаш неделно им носеа храна. Но, ова не беше нивниот меден месец, туку бегство од полицијата. Само три дена по свадбата, Владимир се најде на погрешно место и во погрешно време со своите пријатели. Полицијата трагаше по него, кој за да се спаси од затворската казна мораше вешто да се скрие. Ниту овој пат Наталија не го остави сам колку веќе и да беше уморна од неговите инциденти.
„Верувајте дека вистинската љубов не прашува, ниту одбира. Јас го љубев и покрај тоа што беше криминалец. Единствено ми беше криво што не ја прифаќаше мојата идеја јас да заработувам за целото семејство само тој да се тргне настрана од проблемите и кражбите. Го молев и преколнував само да не го прави тоа, а се друго порано или подоцна ќе се среди. Верував дека еден ден ќе најде работа која ќе му одговара и ќе бидеме среќно семејство заедно со нашиот син, но залудно. Некои нешта беа премногу за мојата психа и неискуството на годините, а кога останав сама навистина го сфатив тоа. “
По раѓањето на синот со очи како неговите, среќата не потраја долго. Недостигот на финансии за детето беа причина Наталија почесто да го потсетува да бара работа бидејќи таа го користи породилното отсуство. Ни трага од разбирањето, а караниците станаа секојдневие.
Последното нешто кое го слушна од него беше „Ти требаат пари? Вечер ќе ги добиеш“ и тресна со вратата толку силно што двомесечното синче не можеше да се смири долго потоа.
„Парите што ми беа потребни за детето ги добив од мајка ми која беше тука за да ми помогне, а утредента на вратата од станот се појави полиција за да направат записник пред Владимир да биде изведен на судење. Овој пат беше фатен и обвинет за тешка кражба и нарушување на јавниот ред и мир. “
За сите дела го осудија на четири години затвор и уште две потоа условно. Разводот беше единственото соодветно решение.
Нивниот син имаше неполни четири месеци кога разводот беше финализиран. Наталија имаше 22 години и срце скршено од болка. Не гледаше ни грам надеж дека ќе дојдат подобри времиња.
Пропаднатиот брак зад неа беа причина да не може да функционира како секоја нормална млада жена. По породилното отсуство, малечкото го носеше во градинка и се врати на работа, каде како да се чувствуваше виновна за својата судбина, а стравот ја обземаше секогаш кога насетуваше чуден поглед или евентуален коментар упатен од злобниците.
Поминаа три години кога за прв пат почна да реагира на машкото внимание. Посака да се отргне од минатото и почна да излегува со еден маж со кој соработуваа преку фирмата во која работи. Андреј беше подготвен да ја прифати и покрај статусот разведена во брачното досие и беше подготвен да стане татко на нејзиниот син.
„Откако се уверив дека тоа е навистина така, колку и да изгледаше нереално добро, пред мене се појави друг прблем. За да овој маж го посвои детето мораше да има дозвола од биолошкиот татко Владимир, кој се уште ја издржуваше затворската казна. Тој тоа не го прифати и упорно тврдеше дека кога ќе излезе ќе се грижи за својот син.“ со солзи вели Наталија.
Не знаеше што да му каже на момченцето за неговиот татко. Знаеше дека еден ден Владимир ќе излезе од затвор и ќе бара да ги одржува контактите со својот син, но од друга страна сакаше да му се заблагодари на Андреј за се што строри за нив кога им беше најтешко и да го награди за неговата идеална улога на татко. Тој единствено што бараше е да биде законски старател на детето, но тоа Владимир, сега за сега, не го дозволуваше.
„Токму тогаш кога ја почувствував моќта на вистинската среќа и внимание од маж, наместо празни ветувања и лажни надежи и кога ги заборавив телефонските повици од полиција, ја добив втората понуда за брак. Бев пресреќна. “
Ако прв пат плачеше од тага и неизвесност што ќе се случи, сега плачеше од среќа затоа што ја заслужи. Единствено што не и даваше мир е истекувањето на затворската казна на поранешениот сопруг и неговата реакција на нивната семејната идила.
„Се може да се очекува од таков човек , но се додека ја имам подршката од новиот сопруг нема да дозволам да ме совлада стравот од животните порази. Се чини како да убавите моменти скапо ги платив, но затоа можам да се пофалам со богато животно искуство дури и на 25 години и прекрасен четиригодишен син.“ - завршува Наталија.
.gif)






















.gif)























